Насер Келменди, кој од две години е во американската црната листа на најголемите наркодилери во светот, вчера е обвинет од обвинителството на Косово за убиство и дилерство на дрога, пишува АФП.
Педесет и седумгодишниот балкански наркобос беше товарен за повеќе дела, вклучувајќи и за учество во организиран криминал, убиства во мафијашките кругови во Босна и Херцеговина и сообраќај на стотици килограми хероин
Босанскиот државјанин, роден во Косово, Насер Келменди беше уапсен во мај 2013 година во околината на Приштина, по барање на босанските власти.
Тој е посочен од полицијата на Балканот како мозокот на организираниот криминал во БиХ и во регионот.
Насер Келменди е уапсен во септември 2012 година во голема операција на босанската полиција против најголемата криминална организација во БиХ.
Обвинет е и за продажба и дистрибуција на дрога во Јужна Америка, Турција, Србија, Хрватска и Западна Европа.
Босна нема склучено договор за екстрадиција со Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.