| четврток, 6 декември 2018 |

Oбвинение за убиство за кумановецот што прегази 4-годишно дете по расправија во болница

sudd

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе обвинителен акт за убиство согласно член 123 од Кривичниот законик против Б.И. осомничен за прегазување на 4-годишниот Алмир Алиу во близина на Здравствениот дом во Куманово што се случи на 25 јуни годинава.

Во соопштението од Обвинителството објавено денеска, воедно се посочува дека против три други лица е поднесено обвинение за насилство.

Обвинетиот на 25 јуни заедно со неговата девојка чекале ред во здравствениот дом во Куманово и се скарал со родителот на Алмир за непочитување на ред за прием во установата, по што расправијата продолжила надвор од Здравствениот дом, кога членови на семејството Алиу го нападнале Илиќ и неговиот брат. Обвинетиот со својот автомобил марка „мерцедес“ се обидел да ги прегази мајката, таткото и 4-годишното дете, кое од здобиените повреди почина.

Братот на обвинетиот, тогаш тврдеше дека бегале од групата граѓани. Постапката се водеше како итна, а беше побарано и невро-психијатриско вештачење за пресметливоста на обвинетиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top