| четврток, 6 декември 2018 |

Почина митрополитот на Киев и на цела Украина

Во Киев на 79-годишна возраст почина Киевскиот и на цела Украина Митрополит Владимир, соопштија од прес-службата на Украинската Православна Црква.

Митрополитот веќе подолго време боледувал од рак, а денеска ја изгуби борбата со болеста во Киевската болница.

Обврските по глава на Украинската Православна Црква привремено се предадени на  Черновицкија Митрополит Онуфриј.

Датумот и местото за проштевање со попглаварот на Украинската православна црква ќе биде соопштена подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top