| четврток, 6 декември 2018 |

Москва апелира Киев да не гранатира цивили

Ukraina April 8По влошувањето на ситуацијата на исток во Украина, Руската официјална дипломатија го повика Киев да престане со гранатирањето цивилни објекти и станбени квартови и да се фокусира на зачувување на животите на животот на обичните луѓе.

Во соопштение од Министерството за надвоорешни работи од Москва се вели дека украинските сили ги засилија своите борбени операции што резултираше со жртви и уништување згради.

Министерството наведува дека Киев сака да ги реши проблемите со сила, ултиматуми и нови барања спротивни на декларацијата од Берлин од 2 јули. Сето тоа, според МНР на Русија, води кон ново кривопролевање и нови жртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top