Судот остана искршен откако демонстрантите фрлаа камења кон зградата каде што им се судеше на осудените за убиство на пет невини лица кај Смилковско Езеро. Фасадата е уништена, искршени се надворешните стакла, а судниците и канцелариите се оштетени. Прес 24, повикувајќи се на информации од кривичниот суд, објави дека шест полицајци се повредени и двајца од вработените во судот. Оттаму велат дека во моментов е мирно пред судот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.