Американскиот претседателк, Барак Обама, изјави дека другите земји им завидуваат на САД.
Во обраќањето до Американците по повод националниот празник – Денот на независноста, Обама истакна дека САД оставаат образец за демократија и општество за останатиот дел од светот.
– Пред 238 години нашите основачи се собраа во Филаделфија за да го постават почетокот на американскиот експеримент. Тие патриоти се обединија околу една проста вистина – дека сите ние сме рамноправни, дека Создавачот им дал на сите определени права и меѓу нив е правото на живот, на слобода и на стремеж кон среќа – рече Обама.
– Тоа убедување ни помогна да ја изградиме нашата демократија, која е најсилна во светот, нашата средна класа, која е најголемата во светот, и нашата армија, која е најмоќната во светот – рече Обама.
Според Обама, денес во светот нема земја која не би ги заменила местата со САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



