| четврток, 6 декември 2018 |

Трпо Поповски (1848-1928)

Ма­ке­дон­ски пре­род­бе­ник и ре­во­лу­ци­о­нер, све­ште­ник и учи­тел. Це­ли­от свој жи­вот го по­све­тил на бор­ба­та про­тив грч­ка­та про­па­ган­да во Ма­ке­до­ни­ја и е еден од пр­ви­те ос­но­ва­чи на учи­ли­ште на мај­чин ја­зик во Ко­стур­ско. Кле­ве­тен од грч­ки­те вла­ди­ци, ка­ко го­лем бо­рец про­тив ели­низ­мот во за­пад­на Ма­ке­до­ни­ја, и член на МРО, По­пов­ски бил по­сто­ја­но про­го­ну­ван и за­тва­ран од вла­сти­те

Unknown_Trpo_Popovski_Pavel_Shatev_IMARO-copy

Тр­по По­пов­ски бил ро­ден на 21 мај 1848 го­ди­на во ко­стур­ско­то се­ло Ко­си­нец, во се­мејс­тво­то на Иван По­пов­ски и Ки­ра­ца Ни­ко­ло­ва од с. Врб­ник (де­нес Ал­ба­ни­ја). Во сво­и­те спо­ме­ни за сво­јот ро­ден крај за­пи­шал:

„Ко­стур­ска­та епар­хи­ја во ду­хо­вен пог­лед се со­стои од 350 се­ла, од кои ед­ни ад­ми­ни­стра­тив­но при­па­ѓа­ат во кор­чан­ски­от округ, дру­ги пак – во ле­рин­ска­та око­ли­ја, а по­го­ле­ми­от дел – под ко­стур­ска ад­ми­ни­стра­ци­ја. Епар­хи­ја­та се де­ле­ла на че­ти­ри де­ла, име­но: од исток и ју­го­и­сток По­по­ле Кол, од се­вер и се­ве­ро­за­пад – Ко­ре­шта Кол, од ју­го­за­пад – Не­страм Кол, и од југ и ју­го­и­сток – Ко­сте­не­ри­ја Кол. За цен­тар на че­ти­ри­те де­ла се сме­та гра­дот Ко­стур, во кој се сме­сте­ни при­вре­ме­ни­те вла­ди­ци и око­ли­ски на­чал­ни­ци“.

Од 1862 го­ди­на По­пов­ски се шко­лу­вал на грч­ки ја­зик во Ца­ри­град, ка­де што за­вр­шил учи­ли­ште во Је­ни­кој, по­тоа Ри­фа­но­во­то учи­ли­ште и VI и VII клас на Го­ле­мо­то на­род­но учи­ли­ште. По на­пу­шта­ње­то на обра­зо­ва­ни­е­то на грч­ки ја­зик, По­пов­ски про­дол­жил да жи­вее на ме­то­хот на цр­ква­та „Св. Сте­фан“, ка­де што по­ма­гал во чи­та­ли­ште­то. Во те­кот на 1868/1869 го­ди­на учел во клас­но учи­ли­ште и ја поч­нал бор­ба­та за за­ме­на на грч­ки­от со цр­ков­нос­ло­вен­ски ја­зик при бо­гос­лу­же­ни­ја­та. По­пов­ски ис­пра­тил до­пис до вес­ни­кот „Ма­ке­до­ни­ја“, во кој им обр­ну­ва вни­ма­ние на чле­но­ви­те на чи­та­ли­шта­та до­кол­ку се во мож­ност да ис­пра­тат по­ве­ќе учи­те­ли во ко­стур­ски­от крај ка­де што се за­ка­ну­ва опас­ност од ели­ни­за­ци­ја на ма­ке­дон­ско­то на­се­ле­ние. Исто­вре­ме­но, Тр­по по­ба­рал од чле­но­ви­те на чи­та­ли­ште­то да му до­де­лат по­мош и да би­де ис­пра­тен за учи­тел во Ко­стур­ско. Отка­ко ба­ра­ње­то му би­ло при­фа­те­но, во сре­ди­на­та на мај 1869 го­ди­на со фи­нан­си­ска под­др­шка на та­тко му за­ми­нал за сво­јот ро­ден крај. На пат за Ко­си­нец, ма­ке­дон­ски­те пр­вен­ци од Во­ден по­ба­ра­ле од По­пов­ски да отво­ри учи­ли­ште во гра­дот. Тој го при­фа­ќа пред­ло­гот, но отка­ко во ле­то­то иста­та го­ди­на во сво­јот дом во Ко­си­нец отво­ра ед­но од пр­ви­те три учи­ли­

шта во Ко­стур­ско. За ова учи­ли­ште во спо­ме­ни­те на­пи­шал:
„штом при­стиг­нав во се­ло­то, за да не го гу­бам вре­ме­то на­праз­но, ги убе­див пр­вен­ци­те… и би­деј­ќи сел­ско­то учи­ли­ште бе­ше за­фа­те­но од грч­ки учи­тел, отво­рив та­кво во сопс­тве­на­та ку­ќа, ка­де што уште од по­че­то­кот го по­се­ту­ваа 60 уче­ни­ци“.

Во есен­та 1869 го­ди­на, По­пов­ски во Во­ден отво­рил учи­ли­ште, во кое две го­ди­ни учи­телс­тву­вал без ни­ка­ков на­до­мест и по­крај от­по­рот на грч­ки­от вла­ди­ка Ка­ли­ник. По по­втор­но­то отва­ра­ње на учи­ли­ште­то во род­но­то се­ло Ко­си­нец во те­кот на 1871 – 1872 го­ди­на, поч­на­ле ин­три­ги­те на грч­ки­от вла­ди­ка во Ко­стур­ско. Отка­ко бил нак­ле­ве­тен од вла­ди­ка Ни­ки­фо­рос и не­го­ви­от се­кре­тар, тур­ски­те вла­сти при­вре­ме­но го за­тво­ра­ат учи­ли­ште­то, а По­пов­ски бил за­тво­рен во кор­чан­ски­от за­твор. Но, по ин­тер­вен­ци­ја на ма­ке­дон­ски­те пр­вен­ци Ди­ми­тар Ро­бев, д-р Кон­стан­тин Ми­шај­ков и дру­ги, по три ме­се­ци по­ми­на­ти во за­твор, По­пов­ски бил ос­ло­бо­ден. Тој про­дол­жил со сво­ја­та пре­род­бе­нич­ка и про­све­ти­тел­ска ра­бо­та во Ко­си­нец и по­крај ин­три­ги­те и по­ну­ди­те за ми­то да се отка­же од учи­телс­тву­ва­ње­то од стра­на на Ни­ки­фор. Во те­кот 1878 – 1879 го­ди­на учи­телс­тву­вал во се­ло­то Д`мбе­ни (Ко­стур­ско), а по­тоа за­ми­нал во Бур­са (Ма­ла Ази­ја), ка­де што му по­ма­гал во ра­бо­та­та на бол­ни­от та­тко. По заз­дра­ву­ва­ње­то на та­тко му, Тр­по По­пов­ски за­ми­нал во Плов­див, ка­де што ра­бо­тел ка­ко пи­сар во по­ли­ци­ја­та. Во те­кот на учеб­на­та 1882/1883 го­ди­на, По­пов­ски го ор­га­ни­зи­рал пр­во­то сло­вен­ско учи­ли­ште во Ко­стур. Во на­ред­на­та 1883/1884 го­ди­на, тој го пре­зе­мал ра­ко­водс­тво­то и за­ед­но со лу­ѓе­то од окол­ни­те се­ла се за­ла­гал учи­ли­ште­то да оп­ста­не, иа­ко ег­зар­хи­ја­та пре­ста­на­ла да го фи­нан­си­ра учи­ли­ште­то. Во те­кот на 1885 и 1886 го­ди­на, по ин­три­ги­те што ги пра­ват Гр­ци­те и ег­зар­хи­ја­та, мно­гу учи­те­ли се уап­се­ни, а учи­ли­шта­та во Хру­пи­шта, Д`мбе­ни, Смр­деш, Ко­си­нец, Ко­ном­ла­ди и За­го­ри­ча­ни би­ле за­тво­ре­ни. По­пов­ски по­втор­но бил уап­сен од вла­сти­те и без су­де­ње за­тво­рен во Кор­ча. По осум ме­се­ци по­ми­на­ти во за­твор, во 1886 го­ди­на тој бил ос­ло­бо­ден и ис­пра­тен во Би­то­ла без пра­во да учи­телс­тву­ва и да го на­пу­шти гра­дот. Иста­та го­ди­на за­ми­нал во Ца­ри­град да ба­ра об­јас­ну­ва­ње од Ег­зар­хи­ја­та, ко­ја ни­ту му да­ва­ла об­јас­ну­ва­ње ни­ту го наз­на­чу­ва за учи­тел во Ма­ке­до­ни­ја. Отка­ко оста­нал без ра­бо­та, По­пов­ски пр­во за­ми­нал во Со­фи­ја, а отка­ко ни та­му не до­бил за­да­ча, на­ред­на­та учеб­на 1886/1887 го­ди­на ја по­ми­нал во род­но­то ме­сто, по­ма­гај­ќи во уна­пре­ду­ва­ње­то на ко­син­ско­то учи­ли­ште и смр­де­шка­та цр­ква. По­втор­но бил наз­на­чен за учи­тел во Кор­ча ду­ри во учеб­на­та 1888/1889 го­ди­на. По че­ти­ри го­ди­ни по­ми­на­ти во гра­дот, ег­зар­хи­ја­та ре­ша­ва да го за­тво­ри учи­ли­ште­то, а По­пов­ски бил наз­на­чен за учи­тел во Га­лич­ник. На­бр­гу ег­зар­хи­ја­та сфа­ти­ла де­ка по­гре­ши­ла и по­втор­но го наз­на­чи­ла По­пов­ски за учи­тел во Кор­ча, но тој од­би­ва и се вра­ќа во род­но­то ме­сто. На­бр­гу се пре­мис­лил и по­втор­но го отво­ра учи­ли­ште­то во Кор­ча, по што за­ми­нал во Ца­ри­град за но­во наз­на­чу­ва­ње.

Во 1893 го­ди­на, на пат за Ца­ри­град, во Со­лун се срет­нал со Ѓор­че Пе­тров, Да­ме Гру­ев, Пе­ре То­шев и Трај­ко Ки­тан­чев, со кои раз­го­ва­рал за ре­во­лу­ци­о­нер­но­то дви­же­ње во Ма­ке­до­ни­ја. По нив­на су­ге­сти­ја, тој бил пен­зи­о­ни­ран ка­ко учи­тел и ра­ко­по­ло­жен ка­ко све­ште­ник, што му овоз­мо­жу­ва по­ве­ќе сло­бо­да за дејс­тву­ва­ње. Во пер­и­о­дот од 1895 и 1896 го­ди­на По­пов­ски ста­нал пре­тсе­да­тел на цр­ков­но-учи­лиш­на­та оп­шти­на во Ле­рин, а ме­ѓу 1896 и 1904 го­ди­на иста­та функ­ци­ја ја из­вр­шу­вал во Ко­стур. Ме­ке­дон­ски­те ре­во­лу­ци­о­не­ри го до­би­ва­ат не­го­ви­от бла­гос­лов, но по Иван­чо­ва­та афе­ра, во 1901 го­ди­на бил уап­сен од тур­ски­те вла­сти и ка­ко член на Ма­ке­дон­ска­та ре­во­лу­ци­о­нер­на ор­га­ни­за­ци­ја бил осу­ден на се­дум го­ди­ни ро­би­ја. Во за­тво­рот во Кор­ча ле­жел до есен­та 1902 го­ди­на, ко­га бил ам­не­сти­ран. Ме­ѓу­тоа по­втор­но бил за­тво­рен во Би­тол­ски­от за­твор во фе­вру­а­ри 1903 го­ди­на. Тр­по По­пов­ски бил ос­ло­бо­ден од за­твор во про­лет­та 1904 го­ди­на. Иста­та го­ди­на бил по­ста­вен за пре­тсе­да­тел на Би­тол­ска­та оп­шти­на и исто­вре­ме­но бил и пре­тсе­да­тел на Ко­стур­ско и на Би­тол­ски­от окру­жен ре­во­лу­ци­о­не­рен округ на МРО. Во тој пер­и­од до­жи­ве­ал ед­на се­меј­на тра­ге­ди­ја, од­нос­но грч­ки­те ан­дар­ти му ја уби­ва­ат же­на­та. Во те­кот на на­ред­ни­те две го­ди­ни тој учес­тву­ва во да­ри­тел­на­та ак­ци­ја со хра­на, об­ле­ка и со па­ри за на­стра­да­ни­те се­ла за вре­ме на Илин­ден­ско­то во­ста­ние во ко­стур­ски­от и во охрид­ски­от ре­он. Во на­па­дот на ку­ќа­та на По­пов­ски во Би­то­ла во 1907 го­ди­на, тур­ска­та вој­ска ја уби­ва и не­го­ва­та 18-го­диш­на ќер­ка Ва­сил­ка, по што тој за­ми­ну­ва во Бу­га­ри­ја. Во Ма­ке­до­ни­ја се вра­ќа по Мла­до­тур­ска­та ре­во­лу­ци­ја (1908) и слу­жи ка­ко ар­хи­е­реј­ски на­мес­ник во Ки­че­во до 1911 го­ди­на. По­тоа слу­жи во Ре­сен, а по до­а­ѓа­ње­то на Ср­би­те во ју­ли 1913 го­ди­на, бил про­те­ран во Гр­ци­ја, ка­де што бил за­тво­рен.

По ос­ло­бо­ду­ва­ње­то од за­тво­рот од Ати­на, По­пов­ски по­втор­но на­о­ѓа за­сол­ни­ште во Бу­га­ри­ја. Во те­кот на но­ем­ври 1913 го­ди­на, По­пов­ски бил ис­пра­тен во Ал­ба­ни­ја за да им по­мог­не на ма­ке­дон­ски­те бе­гал­ци, но и та­му под вли­ја­ние на грч­ки­те и срп­ски­те аген­ти бил уап­сен од Есад-па­ша Топ­та­ни. Се­пак, под вли­ја­ние на ма­ке­дон­ски­те деј­ци и Ха­сан-бег При­шти­на, По­пов­ски бил ос­ло­бо­ден и пр­во ра­бо­ти во Шко­дра, а по­тоа во 1914 го­ди­на во Кор­ча. По нав­ле­гу­ва­ње­то на Гр­ци­те, тој го на­пу­шта гра­дот и се пов­ле­ку­ва во Бу­га­ри­ја.

Во 1911 го­ди­на Ма­ке­дон­ска­та сту­дент­ска мла­ди­на во странс­тво му ис­пра­ќа из­да­ни­ја и до­пис на Со­ју­зот на Ма­ке­дон­ски­те сту­дент­ски друш­тва во кои му од­да­ва приз­на­ние за не­го­ва­та цр­ков­на и ре­во­лу­ци­о­нер­на бор­ба со на­деж де­ка ќе до­че­ка ос­ло­бо­ду­ва­ње на по­ро­бе­на­та Ма­ке­до­ни­ја. Но, ме­сто ос­ло­бо­ду­ва­ње на сво­ја­та зем­ја, По­пов­ски до­жи­ве­ал да ви­ди ка­ко Ма­ке­до­ни­ја е рас­пар­че­на. Тр­по По­пов­ски уми­ра на 25 мај 1928 го­ди­на во Со­фи­ја. Тој ќе оста­не за­па­ме­тен ка­ко „на­ро­ден чо­век, со бла­го ср­це и до­бра ду­ша, до­сто­ен слу­жи­тел на све­та­та цр­ква и до­бар ра­бот­ник на Хри­сто­ва­та ни­ва“. На не­го­ва­та над­гроб­на пло­ча во со­фи­ски­те гро­би­шта стои след­ни­от нат­пис:

Ту­ка по­чи­ва
ико­ном Тр­по По­пов­ски
род. 21 мај 1848 г. во Ко­си­нец,
Ма­ке­до­ни­ја
поч. 25 мај 1928 г. во Со­фи­ја,
Бу­га­ри­ја

Учи­тел, ду­хов­ник и на­ро­ден бо­рец
60 го­ди­ни пре­ку при­ме­рот
и стра­да­ње­то
не­го­во­то ср­це зра­чи свет­ли зра­ци
на ро­до­љу­би­е­то.
Тој по­чи­на бла­же­но
со вер­ба во Бо­га и во бли­ска­та
сло­бо­да на Ма­ке­до­ни­ја
Во мир да по­чи­ва не­го­ва­та ду­ша.

 

(Пишува: Д-р Димитар Љоровски-Вамваковски
Текст објавен во 95. број на неделникот „Република“, 27.06.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top