Средношколците од „Арсени Јовков“ ги презентираа пред своите соученици филмовите, кои ги сработија преку креативните работилници во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.
Спонтаните аплаузи за време на проекцијата, воодушевувањето и гласното одобрување, насмевките и радоста – и кај младите кои глумеа, развиваа сценарија и учествуваа во екранизирањето на овие приказни, но и кај нивните соученици – јасно покажуваат дека пораката е примена, и дека ова е еден од подобрите начини за надминување на поделбите меѓу младите, но и во општеството.
Филмовите, прикажувајќи различни ситуации поврзани со животот на средношколците, јасно ја пренесуваат пораката за почитување на различностите.
Меѓу неколкуте кратки филмови е и приказната за змејот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се испотепаа ученици во Македонија
-
Десетици ученици загинаа кога автобус се преврте од надојдените води
-
Досетлив ученик: Доколку добијам единица за ова драга наставничке се гледаме во Стразбур во Судот за човекови права!
-
Чуден е овој соживот кога на националната арена ни извикуваат “Мртов каур, добар каур” и “Обединета Албанија” (видео)


