| четврток, 6 декември 2018 |

Елени Каринте и младиот Мустафа Кемал Ататурк ги нарекуваат балканските Ромео и Јулија

Тур­ски­те ту­ри­сти ми­ну­ва­ат ил­јад­ни­ци ки­ло­ме­три за да ја по­се­та­та спо­мен-со­ба­та во би­тол­ски­от му­зеј, да се фо­то­гра­фи­ра­ат под бал­ко­нот на Ка­рин­те, но и да го чи­та­ат пис­мо­то што таа му го на­пи­ша­ла на Ата­турк

Reportaza95-1

При­каз­на­та од кра­јот на 19 век за не­ос­тва­ре­на­та љу­бов ме­ѓу уба­ва­та би­тол­чан­ка Еле­ни Ка­рин­те и мла­ди­от Му­ста­фа Ке­мал Ата­турк, кои мно­гу­ми­на ги на­ре­ку­ва­ат бал­кан­ски­те Ро­мео и Ју­ли­ја, де­нес ста­ну­ва не­за­о­би­кол­на ту­ри­стич­ка атрак­ци­ја во Би­то­ла. Тур­ски­те ту­ри­сти ми­ну­ва­ат ил­јад­ни­ци ки­ло­ме­три за да ја по­се­та­та спо­мен-со­ба­та во би­тол­ски­от му­зеј, да се фо­то­гра­фи­ра­ат под бал­ко­нот на Ка­рин­те, ка­де што е исп­ле­те­на, мо­же­би, нај­го­ле­ма­та љу­бов­на са­га на овие про­сто­ри, но и да го чи­та­ат пис­мо­то што таа му го на­пи­ша­ла на Ата­турк.

Би­тол­ска­та уба­ви­ца Еле­ни Ка­рин­те има­ла са­мо де­сет го­ди­ни ко­га се срет­на­ла со Му­ста­фа Ке­мал Ата­турк во 1900 го­ди­на, до­де­ка чо­ве­кот што по­доц­на ќе ста­не ос­но­вач на со­вре­ме­на Тур­ци­ја и та­тко на на­ци­ја­та бил ма­ту­рант на Во­е­на­та гим­на­зи­ја во Би­то­ла.

– Љу­бо­вта ме­ѓу нив не се ро­ди­ла вед­наш, ка­ко што се рас­ка­жу­ва де­нес по фил­мо­ви­те и по на­пи­си­те, за­што таа сѐ уште би­ла де­те. Ро­ман­са­та се слу­чи­ла се­дум го­ди­ни по­доц­на, во 1907, ко­га Ата­турк се вра­тил по­втор­но во Би­то­ла за да ја упра­ву­ва Во­е­на­та гим­на­зи­ја – ве­лат би­тол­ча­ни.

Reportaza95-2

Reportaza95-3

Де­нес, по по­ве­ќе од еден век, при­каз­на­та не са­мо што не пад­на­ла во за­бо­рав, ту­ку бал­ко­нот од кој Еле­ни го гле­да­ла Му­ста­фа до­де­ка ми­ну­вал на Ши­рок со­как, ста­на атрак­ци­ја за тур­ски­те ту­ри­сти во Би­то­ла. Но, за жал, не е за­чу­ва­на ни­ту ед­на фо­то­гра­фи­ја од Еле­ни.

Би­тол­ча­ни ве­лат де­ка со сни­ма­ње­то на раз­ни до­ку­мен­тар­ни фил­мо­ви и игра­ни фил­мо­ви, при­каз­на­та ја гу­би ви­сти­ни­то­ста.

Пр­во тре­ба да се об­јас­ни ка­ко ус­пе­ал ма­ту­рант на Во­е­на­та гим­на­зи­ја во Би­то­ла, ка­ков што бил Ата­трук, да вле­зе во ку­ќа­та на го­ле­ми­от тр­го­вец Ефтим на Ши­рок со­как. По­сред­ник бил род­ни­на на та­тко­то на Ке­мал, кој ра­бо­тел во Јуч кат­ли, не­што ка­ко по­ли­ци­ска ста­ни­ца на Ши­рок со­как, спро­ти ку­ќа­та на Ка­рин­те­ви. Тој го од­нел Му­ста­фа на пр­ви­от имен­ден на Еле­ни, ко­га таа има­ла 10 го­ди­ни, се ве­ли во при­каз­на­та, ко­ја со го­ди­ни ја рас­ка­жу­ва­ат би­тол­ча­ни.

На при­е­мот, мај­ка рек­ла: „На­ше­то де­вој­че ќе ви по­ка­же на ма­ли­от кла­вир ’кла­всен‘ што на­у­чи да сви­ри кај Фран­цу­зин­ки­те” (тоа би­ле учи­тел­ки­те по пи­ја­но во Би­то­ла).

Та­ка Еле­ни пред Му­ста­фа ја от­сви­ре­ла пес­на­та „Бра­те Жак“. Но, по пр­во­то поз­нанс­тво, тие се раз­о­тиш­ле, а Ата­турк за­ми­нал на Во­е­ни­от ко­леџ во Истан­бул.

Reportaza95-4

Па­ти­шта­та по­втор­но им се вкр­сти­ле по се­дум го­ди­ни, ко­га тој се вра­тил да ја ра­ко­во­ди Во­е­на­та гим­на­зи­ја во Би­то­ла. По­втор­но на праз­ни­кот Еле­на и Кон­стан­тин, не­го­ви­от род­ни­на го од­нел кај Ка­рин­те­ви, а та­му се­га го пре­че­ка­ла 17-го­диш­на да­ма. Та­ка поч­на­ла љу­бо­вта. Иа­ко, сре­ди­на­та не одо­бру­ва­ла вр­ска ме­ѓу хри­сти­јан­ка и мус­ли­ман, Еле­ни по­бег­на­ла за Ата­турк.

– На­пра­ви­ја фил­мо­ви де­ка бе­гал со неа по лоз­ја­та. Но, не­му тоа не му при­ле­га­ло, бил офи­цер. Ја од­нел кај сво­јот род­ни­на, во ку­ќа во бли­зи­на на де­неш­ни­от ре­сто­ран „Ло­вец“.Се диг­на­ло мно­гу прав. Се­мејс­тво­то го ан­га­жи­ра­ло ду­ри и грч­ки­от вла­ди­ка да вли­јае, па ус­пе­а­ле де­вој­че­то да го вра­тат до­ма – рас­ка­жу­ва­ат по­ста­ри­те би­тол­ча­ни.

По ова, Му­ста­фа за­ми­нал од Би­то­ла. Еле­ни за ку­со вре­ме ја ома­жи­ле за То­де, нај­до­бри­от ра­бот­ник на та­тко ѝ, кој му дал ми­раз од 900 на­по­ле­о­ни са­мо за да ја зе­ме за же­на за­што уг­ле­дот ѝ бил на­ру­шен. Ро­ди­ла две де­ца, но фа­ти­ле вој­ни­те, де­ца­та ѝ умре­ле, а Еле­ни из­бе­га­ла во Ле­рин и ни­ко­гаш не се вра­ти­ла во Би­то­ла.

Reportaza95-5

Се рас­ка­жу­ва де­ка до кра­јот на жи­во­тот при­ма­ла чек од ли­це што ја из­др­жу­ва­ло, но до де­нес не е откри­е­но од ко­го.

Спо­мен-со­ба­та во чест на го­ле­ми­от тур­ски ре­фор­ма­тор се на­о­ѓа во би­тол­ски­от За­вод и му­зеј, об­јект во кој би­ло сме­сте­но учи­ли­ште­то во кое се шко­лу­вал мла­ди­от ка­дет. Фо­то­гра­фии, ски­ци од би­тки, биб­ли­о­те­ка,  би­ста, во­соч­на фи­гу­ра – ода­ја што ги збра­ла си­те тај­ни од жи­во­тот на го­ле­ми­от ре­фор­ма­тор. Та­му е по­ста­ве­но и пис­мо­то за кое се ве­ру­ва де­ка  пред по­ве­ќе од еден век му го на­пи­ша­ла би­тол­чан­ка­та Еле­ни Ка­рин­те на мла­ди­от Му­ста­фа Ке­мал, кој  учел во во­е­на­та гим­на­зи­ја во Би­то­ла. Всуш­ност, цен­трал­но ме­сто за­зе­ма пис­мо­то од Еле­ни Ка­рин­те, а при­каз­на­та за бал­кан­ски­те Ро­мео и Ју­ли­ја, тој мус­ли­ман, таа хри­сти­јан­ка, нив­на­та го­ле­ма љу­бов, пред­вре­ме  осу­де­на на про­паст  по­ра­ди ре­ли­ги­ски­те и оп­штес­тве­ни­те сте­ги, де­нес, еден век по­доц­на, е гла­вен адут за прив­ле­ку­ва­ње тур­ски ту­ри­сти. Со воз­ди­шки го чи­та­ат пис­мо­то, се фо­то­гра­фи­ра­ат пред ку­ќа­та на Ка­рин­те на би­тол­ски Ши­рок со­как, до­де­ка бал­ко­нот ја рас­ка­жу­ва  таж­на­та љу­бов­на при­каз­на…

Спо­ред дру­га вер­зи­ја, пак, Еле­ни би­ла ќер­ка на тр­го­ве­цот Ефтим Ка­рин­те. Неј­зи­но­то се­мејс­тво би­ло ед­но од нај­бо­га­ти­те вла­шки се­мејс­тва, кои со дру­ги­те се­мејс­тва од тој ранг го ди­кти­ра­ле оп­штес­тве­ни­от и тр­гов­ски жи­вот во Би­то­ла во пос­лед­ни­те де­це­нии на де­вет­на­е­сет­ти­от век. Се­мејс­тво­то Ка­рин­те би­ло дла­бо­ко ре­ли­ги­оз­но се­мејс­тво, а Еле­ни би­ла израс­на­та во ду­хот на пра­вос­лав­но­то хри­сти­јанс­тво. Спо­ред пре­да­ни­ја­та, а во не­до­стиг од неј­зи­на фо­то­гра­фи­ја, се сме­та де­ка би­ла уба­ва ру­са де­вој­ка, ко­ја мно­гу ја са­ка­ла кни­жев­но­ста. Ку­ќа­та на Ка­рин­те се на­о­ѓа на Ши­рок со­как, кој бил цен­тар на си­те збид­ну­ва­ња. Го ви­де­ла Му­ста­фа со­сем слу­чај­но до­де­ка се­де­ла на бал­ко­нот. Во не­кол­ку на­вра­ти има­ле слу­чај­ни сред­би и пог­ле­ди до­де­ка нѐ сфа­ти­ле де­ка се ро­ди­ла љу­бов, ко­ја мо­ра­ло да ја кри­јат би­деј­ќи би­ла за­бра­не­та.

– За оваа при­каз­на доз­нав мно­гу одам­на. Ги са­кам љу­бов­ни­те при­каз­ни ка­ко тие за Пи­рам и Тиз­ба, Сам­сон и Да­ли­ла, Леј­ла и Меџ­нун, шах Ја­хан и Мум­таз Ма­хал. Има не­што во нив што ме те­ра да ве­ру­вам во љу­бо­вта иа­ко по­не­ко­гаш си ве­лам де­ка, ве­ро­јат­но, та­кви­те љу­бо­ви отиш­ле со нив и се­га се мно­гу ре­тки – ве­ли Ни­ко­ли­на Ва­си­лев­ска, актер­ка­та што ја из­ве­ду­ва пе­де­сет­ми­нут­на­та мо­но­дра­ма „Го­ле­ма­та љу­бов на Еле­ни“.

Мла­ди­от ка­дет Му­ста­фа во 1896 го­ди­на до­а­ѓа од Со­лун да учи во во­е­на­та  гим­на­зи­ја во Би­то­ла. Че­сто ше­тал по Ши­рок со­как, а ед­но поп­лад­не пред Ве­лиг­ден, во 1897 го­ди­на, на бал­ко­нот од ку­ќа­та на бо­га­ти­от тр­го­вец Ефтим Ка­рин­те, ко­ја и де­нес по­стои на аго­лот од ули­ца­та, вед­наш нас­про­ти хо­те­лот „Епи­нал“, ја за­бе­ле­жал уба­ва­та Еле­ни, не­го­ва врс­нич­ка. И де­вој­ка­та не оста­на­ла рам­но­душ­на, па кра­де­шкум, та­му од бал­ко­нот и таа фр­ли­ла  пог­лед на строј­ни­от Ата­турк, ви­сок, со убав стас и со си­ни очи. И та­ка Му­ста­фа се­кој ден ми­ну­вал пред ку­ќа­та,  а Еле­ни го че­ка­ла на бал­ко­нот. Ме­ѓу нив се расп­лам­ти­ла сил­на, но за­бра­не­та љу­бов. Де­вој­ка­та за да би­де со не­го, по­бег­на­ла пре­ку виз­би­те на ку­ќа­та. За­ед­но за­ми­на­ле над­вор од Би­то­ла, но та­тко­то на Еле­ни, Ефтим, ги фа­тил, ја за­тво­рил де­вој­ка­та  до­ма, а по­тоа, ку­пил ку­ќа во Ле­рин. На­си­ла ја од­нел та­му, со на­ме­ра да ја ома­жи за друг чо­век.

Reportaza95-6

„Има це­ла го­ди­на отка­ко ме граб­на од те­бе, ме зак­лу­чи до­ма и не ме пу­шти цел ме­сец. Не пла­чев, зна­ев де­ка џа­бе му се си­те ка­тан­ци и за­тво­ри. Чо­ве­кот со кој тој са­ка­ше да се вен­чам, го ви­дов са­мо ед­наш и ме пра­ша да­ли мо­жам да го љу­бам. А јас му ре­ков ’Не, јас си го љу­бам пр­во­то ли­бе‘. И по­ве­ќе не го ви­дов. Та­тко ми ни­ко­гаш не ми про­сти, а и јас не­му. Веч­но ќе те са­ка и че­ка тво­ја­та Еле­ни Ка­рин­те”, му на­пи­ша­ла Еле­ни на Ата­турк.

Де­вој­ка­та ни­ко­гаш не се ома­жи­ла, до­жи­ве­а­ла дла­бо­ка ста­рост, а до кра­јот на жи­во­тот, не­кол­ку па­ти во го­ди­на­та при­ма­ла че­ко­ви од странс­тво. По­чи­на­ла во Ле­рин на 80 го­ди­ни.

Му­ста­фа Ке­мал по­доц­на ста­на прв пре­тсе­да­тел на Тур­ци­ја, тво­рец на мо­дер­на­та тур­ска др­жа­ва, по­ра­ди што го до­бил име­то Ата­турк, та­тко на на­ци­ја­та. Се оже­нил со Ла­ти­фе Ха­нам, но бра­кот тра­ел са­мо две го­ди­ни. Ата­турк и Ка­рин­те не се срет­на­ле ни­ко­гаш по­ве­ќе.

Љу­бов­на­та са­га за бал­кан­ски­те Ро­мео и Ју­ли­ја, во Би­то­ла се пре­не­су­ва од ге­не­ра­ци­ја на ге­не­ра­ци­ја. Не­кои ве­лат де­ка  ори­ги­на­лот на пис­мо­то од Ка­рин­те се на­о­ѓа во исто­ри­ски ар­хив. Дру­ги, пак, ве­лат де­ка ста­ну­ва збор за ле­ген­да. Се­пак, ме­ѓу би­тол­ча­ни, и де­нес жи­вее оваа  љу­бов.

– Оваа љу­бов е ви­стин­ски маг­нет за тур­ски­те ту­ри­сти. Ми­ну­ва­ат ил­јад­ни­ци ки­ло­ме­три од Тур­ци­ја до Би­то­ла, со жел­ба да го про­чи­та­ат пис­мо­то во спо­мен-со­ба­та, да ја ви­дат ку­ќа­та на Ши­рок со­как и да се фо­то­гра­фи­ра­ат под  бал­ко­нот од ка­де­што Еле­ни прв­пат го здог­ле­да­ла Му­ста­фа. До­де­ка ту­ри­сти­те се оду­ше­ве­ни, ви­со­ки­те во­е­ни и др­жав­ни де­ле­га­ции што до­а­ѓа­ат да ја по­се­тат спо­мен-со­ба­та, не пра­шу­ва­ат ни­што за оваа љу­бов­на при­каз­на. За оваа љу­бов не­ма ни­ту збор во би­о­гра­фи­ја­та на Ата­турк, не е про­нај­ден ни­ту еден пи­шан до­ку­мент што би ја по­твр­дил при­каз­на­та. Ду­ри од на­уч­ни­те кру­го­ви во Тур­ци­ја би­ло су­ге­ри­ра­но ов­де, кај нас, да не се обр­ну­ва тол­ка­во вни­ма­ние на таа при­каз­на за­тоа што не­ма дру­ги до­ку­мен­ти, освен пис­мо­то за кое кај нас се ве­ру­ва де­ка Еле­ни го на­пи­ша­ла до Ата­турк – ве­лат упа­те­ни­те.

Оваа љу­бов­на при­каз­на е инс­пи­ра­ци­ја за филм­ски­те и те­а­тар­ски ра­бот­ни­ци.  Во 2006 го­ди­на бе­ше сни­мен кра­ток до­ку­мен­тар­но-игран те­ле­ви­зи­ски  филм, на­пра­вен е му­зич­ко-те­а­тар­ски  пер­фор­манс, а, исто та­ка, нај­но­ви­от филм на Але­ксан­дар По­пов­ски „Бал­ка­нот не е мр­тов“,  ра­бо­тен спо­ред сце­на­ри­о­то на Де­јан Ду­ков­ски за исто­и­ме­на­та прет­ста­ва, кој бе­ше при­ка­жан на фе­сти­вал „Бра­ќа Ма­на­ки”, ја рас­ка­жу­ва при­каз­на­та за љу­бо­вта ме­ѓу Ата­турк и Ка­рин­те.

Пис­мо­то на Еле­ни Ка­рин­те до Ке­мал Ата­турк

Reportaza95-7До Ке­мал Ата­турк,
не­ка­де и не­ко­гаш!

По­ми­наа тол­ку го­ди­ни, а јас ете уште се­кој ден че­кам абер од те­бе.  Ако не­ко­гаш го до­би­еш пис­мо­во, се­ти се, ви­ди ги сол­зи­ве на хар­ти­ја­ва… Го­ди­ни­те си вр­ват.  Ов­де­ка се збо­ру­ва за те­бе.  Не­што се слу­чу­ва.

Ако ги чи­таш овие ре­до­ви до­де­ка љу­биш не­ко­ја дру­га же­на, иски­ни го пис­мо­во и пра­шај ја неа да­ли ве­ру­ва де­ка не­ко­ја си Еле­ни Ка­рин­те од Би­то­ла го по­ар­чи­ла цел жи­вот за еден чо­век со ко­го би­ла са­мо еден ден.  Ако ја љу­биш неа, ка­ко што јас те љу­бам те­бе, не ка­жу­вај ѝ ни­што, не­ка би­де среќ­на ако си и ти.

Ако, пак, уште ја па­ме­тиш де­вој­ка­та од Бал­ка­нот и не љу­биш дру­га, знај де­ка те че­кам.  Ќе те че­кам се­кој ден, цел жи­вот… Знам де­ка ќе се вра­тиш, де­ка не си за­бо­ра­вил.

Та­тко ми умре.  Има ве­ќе це­ла го­ди­на.  Тој ден ко­га ме граб­на од те­бе, ме зак­лу­чи до­ма.  Не ме пу­шти цел ме­сец.  Не пла­чев.  Зна­ев де­ка џа­бе ќе се си­те ка­тан­ци и за­тво­ри.  Чо­ве­кот со кој тој са­ка­ше да се зе­мам го ви­дов са­мо ед­наш.  Ме пра­ша да­ли не­ко­гаш ќе мо­жам да го љу­бам… му ре­ков: не!  Си го љу­бам пр­во­то ли­бе.  По­ве­ќе не го ви­дов.

Та­тко ми ни­ко­гаш не ми про­сти.  Ни јас не­му.  Не­кол­ку де­на пред да умре ме вик­на кај се­бе… ре­че: Знам де­ка згре­шив, но знам и де­ка ни­ко­гаш не бев до­бар та­тко.  Не ба­рам да ми про­стиш, не ба­рај ни ти!  Бог не­ка ни про­сти на двај­ца­та.  Са­кав нај­до­бро, а на­пра­вив нај­ло­шо.
Та­тко ми не бе­ше лош чо­век!
Не сум ве­ќе мла­да и уба­ва ка­ко то­гаш.
Цел жи­вот еден ден…

Веч­но те са­ка и се­ко­гаш ќе те че­ка
веч­но тво­ја
Еле­ни Ка­рин­те

 

(Пишува: Невена Поповска
Текст објавен во 95. број на неделникот „Република“, 27.06.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top