| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган и Ѓул ќе си ги сменат улогите

erdogan gulТурскиот претседател Абдула Ѓул нема да ја отфрли премиерската функција доколку владеачката Партија на правдата и развојот (АПК) побара тој да застане на чело на Владата, изјави вицепремиер Булент Аранч, цитиран од весникот „Хуриет“.

Аранч посочи дека доколку премиерот Реџеп Таип Ердоган (кандидатот на АКП за претседател на земјата) во август биде избран за шеф на државата, ќе биде назначен привременен премиер.

Вицепремиерот додаде дека на конгресот на АКП во октомври се очекува да биде избран нов лидер на партијата.

– На конгресот, доколку АКП го утврди Абдула Ѓул за функцијата премиер, се разбира, дека тој нема да го отфрли ова барање – посочи Аранч додавајќи дека Ѓул е успешен претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top