В недела, на 6 јули, со почеток во 20 часот Тајзи ќе одржи хуманитарен концерт за Ивана Величковска. Концертот ќе се случи во Домот на културата „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Билетите за концертот изнесуваат 100 денари, а сите собрани средства ќе бидат донирани за помош на Ивана.
Ивана Величковска боледува од леукемија и своето лекување мора да го продолжи во Германија. Овој, хуманитарен концерт на Тајзи е апел до сите граѓани што се во можност да помогнат и официјална покана за концертот до сите жители на општина Куманово.
За време на концертот и потоа може да донирате на телефонските броеви:
Т-Мобиле: 143 144 и
ВИП: 143 772
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


