| четврток, 6 декември 2018 |

Роман Абрамович – од продавач на играчки до милијардер

Сопс­тве­ни­кот на анг­ли­ски­от фуд­бал­ски клуб Челси и на целa фло­та им­по­зант­ни јах­ти, со кои пре­ку ле­то кр­сто­су­ва по Сре­до­зем­је­то, сво­ја­та ка­ри­е­ра ја поч­нал про­да­вај­ќи гу­ме­ни па­тки на ули­ци­те во Мос­ква

Ро­ман Абра­мо­вич, еден од нај­бо­га­ти­те на све­тот, сопс­тве­ник на анг­ли­ски­от фуд­бал­ски клуб Чел­си и на це­ла фло­та им­по­зант­ни јах­ти со кои пре­ку ле­то кр­сто­су­ва по Сре­до­зем­је­то, сво­ја­та ка­ри­е­ра ја поч­нал про­да­вај­ќи гу­ме­ни па­тки на ули­ци­те низ Мос­ква. Не­го­ви­от жи­вот е, ни по­мал­ку ни по­ве­ќе, ка­ко од ху­мо­ри­стич­на се­ри­ја.

Абра­мо­вич е ру­ски биз­нис­мен и гла­вен сопс­тве­ник на ком­па­ни­ја­та „Мил­ха­ус ка­пи­тал“. Во 2003 го­ди­на бе­ше прог­ла­сен за лич­ност на го­ди­на­та од ру­ски­от ма­га­зин „Екс­перт“, а ти­ту­ла­та ја по­де­ли со Ми­ха­ил Хо­дор­ков­ски. Над­вор од Ру­си­ја е поз­нат ка­ко сопс­тве­ник на фуд­бал­ски­от клуб Чел­си, но и пре­ку не­го­ва­та по­ши­ро­ка вклу­че­ност во европ­ски­от фуд­бал.

- Тој е мно­гу ти­вок. Сра­меж­лив е единс­тве­ни­от збор со кој мо­жам да ви го опи­шам. Има и мно­гу дру­ги: не­ми­ло­ср­ден, да­реж­лив, смел, прес­мет­лив, ви­зи­о­нер – ве­ли еден од најб­ли­ски­те со­ра­бот­ни­ци на Ро­ман Абра­мо­вич.

Мал­ку е чуд­но еден од нај­бо­га­ти­те и нај­моќ­ни лу­ѓе во све­тот да се опи­ше ка­ко сра­меж­лив. Абра­мо­вич во мо­мен­тов спо­ред „Форбс“ е де­вет­ти­от нај­бо­гат чо­век во Ру­си­ја и 53. нај­бо­гат чо­век во све­тот, со про­це­не­то бо­гат­ство на 13,4 ми­ли­јар­ди до­ла­ри.

Пред 20 го­ди­ни на ули­ци­те низ Мос­ква швер­цу­вал дет­ски играч­ки и ди­зел­ско го­ри­во со­ну­вај­ќи де­ка след­на­та го­ди­на во исто­то вре­ме ќе би­де ми­ли­о­нер.

Овие де­та­ли од би­о­гра­фи­ја­та на Абра­мо­вич ни­ко­гаш не­ма­ло да се доз­на­ат ако не по­диг­нел туж­ба про­тив не­го еден од нај­го­ле­ми­те ру­ски оли­гар­си, Бо­рис Бе­ре­зов­ски, кој му бил парт­нер.

Zivot95-Abramovich-2

Березовски и Абрамович

Пр­ва­та ра­бо­та на де­неш­ни­от ми­ли­јар­дер поч­на­ла до­де­ка бил во вој­ска во Со­вет­ски­от Со­јуз. Отка­ко сфа­тил де­ка кни­го­водс­тво­то не се во­ди нај­а­жур­но, Абра­мо­вич поч­нал да про­да­ва ди­зел­ско го­ри­во од во­е­ни­те скла­ди­шта.

Ко­га му по­рас­на­ле апе­ти­те, му згас­нал из­во­рот, па за­ед­но со сво­јот за­по­вед­ник се оби­дел да про­да­де пет ва­го­ни на­фта, што и за со­вет­ски­те би­ро­кра­ти би­ло прем­но­гу.

- Ни­што не мо­жеа да до­ка­жат. Бе­ше јас­но де­ка е по­сред­нич­ка гре­шка, па ме пу­шти­ја на сло­бо­да – из­ја­вил Абра­мо­вич пред лон­дон­ски­от суд.

Са­мо што из­ле­гол од при­твор, за­ед­но со но­во­пе­че­на­та со­пру­га, се впу­штил во шверц на играч­ки низ ули­ци­те на Мос­ква. Со по­че­тен ка­пи­тал од 2000 руб­љи, кои ги до­би­ле ка­ко по­да­рок за свад­ба од род­ни­ни и од при­ја­те­ли.

Најм­но­гу про­да­ва­ле гу­ме­ни па­тки, но има­ло и дру­ги играч­ки. Има­ло тол­ку мно­гу ин­те­рес за па­тки­те што мно­гу бр­зо за­ра­бо­ти­ле два­па­ти по­ве­ќе од вло­же­ни­те па­ри, при што отво­ри­ле про­дав­ни­ца за играч­ки.

Во тоа вре­ме, 1993 го­ди­на, го за­поз­нал Бе­ре­зов­ски, кој го внел во кру­гот око­лу то­гаш­ни­от пре­тсе­да­тел Бо­рис Ел­цин. Бе­ре­зов­ски и Абра­мо­вич ја по­се­ду­ва­ле во­деч­ка­та ру­ска на­фте­на ком­па­ни­ја „Сиб­нефт“.

Кол­ку„ Сиб­нефт“ прет­ста­ву­ва­ла по­тен­ци­јал го­во­ри по­да­то­кот де­ка вкуп­но­то про­из­водс­тво на го­диш­но ни­во вре­де­ло три ми­ли­јар­ди до­ла­ри, за де­нес да до­стиг­не до 8 ми­ли­јар­ди до­ла­ри.

При­ја­телс­тво­то со Бе­ре­зов­ски му овоз­мо­жи­ло на Ро­ман Абра­мо­вич да се транс­фор­ми­ра од си­тен тр­го­вец со на­фта во ми­ли­јар­дер. Со Бе­ре­зов­ски прв­пат се срет­на­ле во 1994 го­ди­на. Де­те­кти­рај­ќи го ка­ко ко­мер­ци­ја­лен та­лент, Бе­ре­зов­ски го ре­гру­ти­рал ка­ко клу­чен парт­нер во здел­ка­та со „Сиб­нефт“, во ко­ја Абра­мо­вич имал за­да­ча да соз­да­де де­ло­вен по­тен­ци­јал на „Сиб­нефт“. Та­ка, кон кра­јот на 1995 го­ди­на, 49 про­цен­ти од ком­па­ни­ја­та би­ле про­да­де­ни на Абра­мо­вич, Бе­ре­зов­ски и на Па­тар­ка­тси­шви­ли. Оста­на­ти­те 51 про­цент тре­ба­ло да оста­нат на др­жа­ва­та во след­ни­те три го­ди­ни, а за тоа вре­ме на за­е­мо­дав­ци­те им би­ло доз­во­ле­но да упра­ву­ва­ат со ком­па­ни­ја­та. Спо­ред пла­нот, до­кол­ку за­е­мот не би­де отп­ла­тен, то­гаш за­кон­ска­та сопс­тве­ност ќе пре­ми­не во сопс­тве­ност на за­е­мо­дав­ци­те, ка­ко што се слу­чи­ло по­доц­на.

Zivot95-Abramovich-3

До 1995 го­ди­на трој­ца­та парт­не­ри се стек­на­ле со ги­гант­ска­та на­фте­на ком­па­ни­ја ко­ја оси­гу­ру­ва­ла при­ход од око­лу 3 ми­ли­јар­ди до­ла­ри го­диш­но. Во вре­ме­то ко­га ја ку­пи­ле, ком­па­ни­ја­та вре­де­ла око­лу 200.000, за по­доц­на да вре­ди се­дум­де­сет и пет па­ти по­ве­ќе.

По бе­га­ње­то на Бе­ре­зов­ски во Лон­дон, Ро­ман Абра­мо­вич му по­ну­дил да ги про­да­де сво­и­те ак­ции во те­ле­ви­зи­ја­та. Спо­ред ка­жу­ва­ња­та на Бе­ре­зов­ски, су­шти­на­та на пре­го­во­ри­те би­ла суд­би­на­та на Ни­ко­лај Глу­шков, кој бил при­ве­ден на 7 де­кем­ври 2000 го­ди­на и од­ле­жал каз­на за­твор по­ра­ди про­не­ве­ра при не­го­во­то ме­на­џи­ра­ње со „Ае­роф­лот“. Спо­ред не­го, Абра­мо­вич му по­ну­дил спо­год­ба спо­ред ко­ја, до­кол­ку тој си ги про­да­де ак­ци­и­те од ОРТ, Глу­шков ќе би­де пу­штен од за­твор. Спо­ред ка­жу­ва­ња­та на Абра­мо­вич, пак, на тој со­ста­нок са­кал са­мо да му по­мог­не на не­го­ви­от не­ко­га­шен при­ја­тел, на не­го­во ба­ра­ње, да ги про­да­де ак­ци­и­те. Ка­ко и да е, ак­ци­и­те би­ле про­да­де­ни пре­ку ад­во­ка­тот Сти­вен Кер­тис, кој по­доц­на по­чи­нал во хе­ли­коп­тер­ска не­сре­ќа. И по­крај тоа што ак­ци­и­те би­ле про­да­де­ни, Бе­ре­зов­ски не бил за­до­во­лен од до­го­во­рот би­деј­ќи до­бил пре­мал­ку па­ри и би­деј­ќи Глу­шков не бил ос­ло­бо­ден од за­твор. Та­ка те­ле­ви­зи­ја­та на не­кој на­чин по­втор­но би­ла на­ци­о­на­ли­зи­ра­на.

По­тоа сле­ду­ва­ло и про­да­ва­ње­то на уде­лот на Бе­ре­зов­ски во „Сиб­нефт“, ка­ко и на де­лот на Абра­мо­вич.

Де­не­ска тој е гла­вен сопс­тве­ник на ком­па­ни­ја­та „Мил­ха­ус ка­пи­тал“. Во 2003 го­ди­на бе­ше прог­ла­сен за лич­ност на го­ди­на­та од ру­ски­от ма­га­зин „Екс­перт“. Оваа ти­ту­ла ја по­де­ли со Ми­ха­ил Хо­дор­ков­ски.

Во 1990 го­ди­на Абра­мо­вич бил из­бран за член на др­жав­на­та Ду­ма ка­ко прет­став­ник од Чу­кот­ски авто­но­мен округ, еден од нај­си­ро­маш­ни­те ре­ги­о­ни на да­леч­ни­от ру­ски исток. След­на­та го­ди­на бил из­бран за гу­вер­нер на Чу­ко­тка, ка­де што оста­нал до 2008 го­ди­на. Се сме­та де­ка во тој ре­ги­он Абра­мо­вич ин­ве­сти­рал 925.000.000 евра, а ре­ги­о­нот де­нес ја има ед­на од нај­ви­со­ки­те стап­ки на на­та­ли­тет во Ру­си­ја.

Спо­ред Абра­мо­вич, жи­вот­ни­от стан­дард се по­до­брил, учи­ли­шта­та и до­мо­ви­те би­ле об­но­ве­ни и има­ло мно­гу но­ви ин­ве­сти­ции во ре­ги­о­нот. Во 2005 го­ди­на Абра­мо­вич из­ја­вил де­ка не­ма да се кан­ди­ди­ра за по­вто­рен из­бор, но Вла­ди­мир Пу­тин го про­ме­нил за­ко­нот за из­бор на ре­ги­о­нал­ни­те гу­вер­не­ри, па та­ка Абра­мо­вич по­втор­но бил из­бран за уште еден ман­дат.

За при­до­не­сот во еко­ном­ски­от раз­вој на ре­ги­о­нот Абра­мо­вич до­би „Ор­ден на че­ста“, со де­крет пот­пи­шан од Вла­ди­мир Пу­тин.

Во по­че­то­кот на ју­ли 2008 го­ди­на бе­ше об­ја­ве­но де­ка но­ви­от пре­тсе­да­тел Дми­триј Мед­ве­дев ја при­фа­ќа не­го­ва­та оста­вка од функ­ци­ја­та гу­вер­нер на авто­ном­на­та об­ласт. Во пер­и­о­дот од 2000 до 2006 го­ди­на, ко­га Абра­мо­вич бе­ше на че­ло на об­ла­ста, про­се­кот на пла­ти­те во Чу­ко­тка се зго­ле­мил од око­лу 165 до­ла­ри ме­сеч­но во 2000 го­ди­на на 826 до­ла­ри ме­сеч­но во 2006 го­ди­на.

- Ко­га Абра­мо­вич ста­на гу­бер­на­тор, це­ла Чу­ко­тка ста­на ед­но го­ле­мо гра­ди­ли­ште. Тро­ше­ше сопс­тве­ни па­ри. Во Ан­дир, ад­ми­ни­стра­тив­ни­от цен­тар на Чу­кот­ски­от авто­но­мен округ, по­втор­но се из­гра­ди Дом на кул­ту­ра­та и згра­да на ад­ми­ни­стра­ци­ја­та, се по­ја­ви ста­ди­он со лиз­га­ли­ште, со­вре­ме­но ки­но во об­лик на стак­лен ле­ден брег и за­ба­вен цен­тар. Гра­дот до­би пер­ал­ни­ца, фит­нес-клуб, хо­те­ли­те се об­но­ве­ни, а, исто та­ка, се во­ве­де­ни ин­тер­нет и мо­бил­на мре­жа. Ур­на­ти се ста­ри­те ку­ќи, а на нив­ни­те ме­ста се из­гра­де­ни се­меј­ни ни­ско­е­нер­гет­ски ку­ќи по уг­ле­дот на аме­ри­кан­ски­те. За жи­те­ли­те на Чу­ко­тка но­ви­те ку­ќи беа бесп­лат­ни – ве­лат жи­те­ли­те на оваа об­ласт.

Спо­ред аген­ци­ја­та „Блум­берг“, Ро­ман е нај­да­реж­ли­ви­от ру­ски ме­це­на. Во те­кот на пос­лед­ни­ве три го­ди­ни, во до­бро­твор­ни це­ли има да­де­но 310 ми­ли­о­ни до­ла­ри, а од по­че­то­кот на овој ми­ле­ни­ум су­ма­та над­ми­ну­ва 2,5 ми­ли­јар­ди до­ла­ри. Спо­ред прес­ме­тки­те на аген­ци­ја­та, во те­кот на из­ми­на­ти­те три го­ди­ни 46-го­диш­ни­от Абра­мо­вич за до­бро­твор­ни це­ли изд­во­ил по­ве­ќе средс­тва од кој би­ло друг бо­гат ру­ски гра­ѓа­нин. За со­ци­јал­ни­те по­тре­би на Чу­ко­тка, ру­ска по­кра­и­на на крај­ни­от исток од зем­ја­та во ко­ја тој по­ра­но бе­ше гу­бер­на­тор, изд­во­ил око­лу 98 ми­ли­о­ни до­ла­ри.

Zivot95-Abramovich-4

Абрамович со Даша

Да­ри­ја Жу­ко­ва-Да­ша, не­го­ва­та но­ва де­вој­ка, го про­би не­го­ви­от ма­ло­гра­ѓан­ски ок­лоп. Ле­то­то 2008 го­ди­на Абра­мо­вич му се при­дру­жи на ран­гот на нај­го­ле­ми­те ку­пу­ва­чи на умет­нич­ки де­ла во све­тот, пла­ќај­ќи 43 ми­ли­о­ни фун­ти за „Трип­тих“ на Френ­сис Беј­кон, 17,2 ми­ли­о­ни фун­ти за пор­тре­тот на го­ле­ма­та Сју на Лу­ци­јан Фројд и, на­вод­но, 7,5 ми­ли­о­ни фун­ти за брон­зе­на скулп­ту­ра на Џа­ко­ме­ти. Не баш скро­мен по­че­ток за не­кој што прв­пат ку­пу­ва умет­нич­ки де­ла. Иа­ко си­те ку­пе­ни де­ла, ве­ро­јат­но, ќе за­вр­шат во го­ле­ма­та ку­ќа на Абра­мо­вич во Лон­дон, овој не­на­деј­но зго­ле­мен ин­те­рес за умет­но­ста е под вли­ја­ние на до­бро обра­зо­ва­на­та и тру­до­љу­би­ва Да­ша. Иста­та го­ди­на таа ја отво­ри сво­ја­та сопс­тве­на га­ле­ри­ја, Цен­тар за со­вре­ме­на кул­ту­ра, поз­на­та и ка­ко „Га­ра­жа“ во Мос­ква.

Га­ле­ри­ја­та, сме­сте­на во по­ра­неш­но де­по за авто­бу­си про­е­кти­ра­но во 1929 го­ди­на од слав­ни­от ар­хи­тект Кон­стан­тин Мел­ни­ков, е умет­нич­ко де­ло са­мо за се­бе. Да­ша, со бо­гат­ство­то од неј­зи­на­та ус­пеш­на мод­на ку­ќа, ка­ко и од нас­ледс­тво­то, по­тро­ши мно­гу па­ри во про­е­ктот ко­ор­ди­ни­ран со Мо­ли Дент-Бро­кел­харс, аген­тот за нед­виж­но­сти на Деј­ми­ен Хирст и по­ра­не­шен стру­чен со­ра­бот­ник во „Сот­би“. Га­ле­ри­ја­та, исто та­ка, ги ко­ри­сте­ше со­ве­ти­те на сер Ни­ко­лас Се­ро­та, мо­ден ди­ре­ктор на Тејт мо­дерн, (бри­тан­ски на­ци­о­на­лен му­зеј за ме­ѓу­на­род­на со­вре­ме­на умет­ност), нај­моќ­ни­от чо­век на бри­тан­ска­та умет­нич­ка сце­на. Ра­скош­но­то све­че­но отво­ра­ње се одр­жа во ју­ни 2008 го­ди­на. Су­деј­ќи по сè, тоа бе­ше ви­стин­ска за­ба­ва на ко­ја при­сус­тву­ваа око­лу 300 нај­моќ­ни свет­ски фа­кто­ри од умет­но­ста и од мо­да­та, вклу­чу­вај­ќи го кон­цеп­ту­ал­ни­от ар­тист Џеф Кунс, ди­зај­не­рот Марк Њу­сон и Ла­ри Ге­го­си­ан, сопс­тве­ник на ме­ѓу­на­род­на га­ле­ри­ја.

- Си­те не­пре­ки­на­то пи­е­ја во­тка, ча­ша по ча­ша, са­мо Да­ша оста­на при­бра­на – из­ја­ви еден од при­сут­ни­те.

Све­че­но­то отво­ра­ње кул­ми­ни­ра­ше со при­ва­тен на­стап на Еј­ми Вајн­ха­ус за хо­но­рар од око­лу еден ми­ли­он фун­ти. Не дол­го пред тоа, Абра­мо­вич, исто та­ка, по­тро­ши по­ве­ќе од 200.000 фун­ти за жу­рот за 16. ро­ден­ден на сво­ја­та ќер­ка, во лон­дон­ски­от но­ќен бар „Пејпр“, ан­га­жи­рај­ќи ја не­за­вис­на­та му­зич­ка гру­па „Кла­ксонс“, до­бит­ник на на­гра­да­та „Мерк­ју­ри“, и бра­зил­ска­та тех­но-гру­па „Си-Ес-Ес“.

Мју­зикл „Ро­ман Абра­мо­вич – од Чу­ко­тка до Чел­си“

Ру­ски­от ми­ли­јар­дер Ро­ман Абра­мо­вич на­ско­ро ќе до­бие и мју­зикл чие сце­на­рио ќе би­де ба­зи­ра­но на не­го­ви­от жи­вот. Поз­на­ти про­ду­цен­ти пред­во­де­ни од То­ни Кар­трајт ве­ќе го изра­бо­ти­ле сце­на­ри­о­то за мју­зик­лот „Ро­ман Абра­мо­вич – од Чу­ко­тка до Чел­си“, а во не­го ќе би­дат оп­фа­те­ни де­ло­ви од при­ват­ни­от жи­вот, до­би­ва­ње­то на гу­вер­нер­ска­та ра­бо­та во об­ла­ста Чу­ко­тка, не­го­ви­от де­ло­вен ус­пех и пре­рас­ну­ва­ње­то во еден од нај­бо­га­ти­те лу­ѓе во све­тот и, се­ка­ко, пре­зе­ма­ње­то на анг­ли­ски­от клуб Чел­си.

Се­лин Ди­он е пла­ни­ра­на во уло­га­та на по­ра­неш­на­та со­пру­га на Ро­ман, Ири­на, а ком­по­зи­то­ри ќе би­дат ле­ген­дар­ни­те Ерик Клеп­тон и Ел­тон Џон.

Во мју­зик­лот ќе би­дат вклу­че­ни и ли­ко­ви­те на Бо­рис Ел­цин, Бо­рис Бе­ре­зов­ски и хор со­ста­вен од фуд­ба­ле­ри­те на Чел­си.

(Пишува: Невена Поповска
Текст објавен во 95. број на неделникот „Република“, 27.06.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top