Обвинителството во судскиот процес за случајот „ Шпион“ на денешната јавна расправа ги даде завршните зборови во кој 19 лица се осомничени за шпионажа, оддавање на државни тајни на странски разузнавачки служби, злосторничко здружување, уцена, изнуда, измама и злоупотреба на службената положба.
Обвинителката Лиле Стефанова го повлече обвинението за кривично дело шпионажа на поранешниот директор на Управата за спречување на пари и корупција, Ване Цветанов.
На Цветанов сега му остануваат обвиненијата за злосторничко здружување и издавање на државна службена или воена тајна.
Обвинителството ги преправи правните квалификации и за поранешниот припадник на полицијата Горан Стојков, како и за поранешниот разузнавач Александар Диневски, кој наместо за шпионажа, сега е обвинет за помагање шпионажа.
Во завршните зборови обвинителката Стефанова тврди дека според добиените докази во компјутерот на Александар Динески била пронајдена електронска порака испратена до новинарот Зоран Божиновски, кој е исто така осомничен, со коај му кажал дека бил во договор со првобвинетиот Марјан Ефремов и обвинетиот Горан Стојков да создадат паралелна разузнавачка служба.
Обвинителството останува на тоа дека во 2009 година Ефремов ја организирал групата откако претходната година против него била поведена дисциплинска постапка со што го загубил работното место во службата за разузнавање. Во текот на 2010 и 2011 година им се приклучиле и останатите опфатени со обвинението.
Осврнувајќи се на сите обвинети опфатени во аферата „Шпион“, обвинителката посочи дека исказите им се контрадикторни и невистинити. Таа побара сите осомничени да бидат прогласени за виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и дека постојат материјални докази од кои јасно се гледа дека на едната страна се ообвинетите, а на другата страна се странските служби на кои биле испраќани информациите, а некои од тие документи, ги направил лично првообвинетиот Марјан Ефремов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.








