Кривична пријава е поднесена против косовскиот државјанин Е.Б.(23), поради сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“.
Според информациите на полицијата, пред два дена во 12 и 30 часот, на граничниот премин „Александар Велики“ на излез од Р. Македонија пријавениот на увид доставил косовска патна исправа во која имало вметнато грчка работна виза. По извршеното вештачење е утврдено дека во грчката работна виза се избришани оригиналните податоци и се впишани други податоци.
Од страна на судија од Основен суд Скопје 1 на косовскиот државјанин му е изречена казна затвор во траење од две години, условно од пет години.
Исто така, изречена му е мерка протерување во траење од пет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



