Вчеравечер во тенискиот клуб „АБЦ“ и официјално беше затворен хуманитарниот тениски турнир „Нисан опен 2014“ („NISSAN Open 2014“), со што беа прогласени и најдобрите во сите категории.
Изминативе десет дена во преден план беше ставена хуманоста, а резултатите од одиграните натпревари беа поттик повеќе за сите натпреварувачи. Посетеноста и навивањето не изостануваа , напротив оваа година турнирот беше најпосетен со над 120 учесници.
Средствата од котизациите на хуманитарниот тениски турнир се наменети за обезбедување на инфузиони пумпи за дечињата од одделот на хемато онкологија за клиниката за детски болести Скопје. Претходно во форма на чек од 125.000 денари беа врачени од страна на на г. Кирил Калеников – генерален менаџер на „Аутомотив Груп“, екслузивен застапник на возилата „рено“, „нисан“ и „дачија“(RENAULT, NISSAN и DACIA), на проф.д-р Софијанка Гламочанин – шеф на хемато онколошкиот оддел.
Тенискиот турнир ќе продолжи да се организира од тимот на NISSAN и во иднина, со што ќе се потрудиме и понатаму преку хумани гестови да влијаеме врз развивањето на чуството за вистинските вредности во заедницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.