Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски, во рамки на престојот во Азија, денеска ќе го посети градот Гвангжу во Народна Република Кина.
Гвангжу претставува седиште на мултинационалната компанија „Веибо“, која веќе има донесено одлука за инвестирање во Македонија и за отворање на фабрика во североисточниот реон со која ќе се отворат околу 5.000 работни места. Планирани се средби и со политичките претставници на регионот Гуангдонг.
Пред посетата на Гуангжу, владината делегација вчера го посети Специјалниот административен регион Хонгконг, каде што премиерот Груевски се сретна со претседателот на Извршниот совет на Хонгконг, Ленг Чун Јинг, а ја посети и хонгконгшката болницата Квин Мери (Queen Mary) при што беше договорено македонски доктори и медицински персонал да одат на обука и едукација во болницата. Во организација на „Фајненшл тајмс“ беше организиран и деловен форум на кој беа претставени поволностите за инвестирање во Македонија.
Деловниот форум се одржа и во Сеул, Република Кореја, каде што бизнисмените од оваа азиска држава се запознаа со поволните услови што им се нудат на инвеститорите во Македонија.
Посетата на азискиот континент почна со престој во Јапонија каде што премиерот Груевски оствари средби со принцот Нарухито и со премиерот Шинзо Абе. На деловниот форум беа промовирани поволностите за инвестирање, а во функција на овозможување на услови за соработка во областа на здравството, беше реализирана и средба со менаџерскиот тим на болницата „Токио џенерал хоспитал“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски