| четврток, 6 декември 2018 |

Портрет на Славе Ѓорго Димоски во „Синтези“

Македонскиот книжевен гласник „Синтези“ во својот најнов, триесет и петти број, во посебен блок објавува поетски портрет на Славе Ѓорѓо Димоски. Во изборот се застапени 40 песни, како и критички фрагменти од низа проследувачи на творештвото на Димоски, меѓу кои Милан Ѓурчинов, Ефтим Клетников, Веле Смилевски, Венко Андоновски, Тодор Чаловски и Бранко Цветкоски.

„Синтези“ донесува и избор од балканското раскажувачко творештво, со предговор на Раде Силјан, како и „Врежанки – меѓу литературата и животот“ од Ристо Лазаров за  Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Радован Павловски, Димитар Солев и Горан Стефановски. Од странските автори со поетски и прозни прилози се застапени Силвија Плат, Жак Превер,  Габриел Гарсија Маркес и Ајше Пасланмаз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top