Сунитските муџахедини од ИСИЛ регрутираат десетгодишни деца за да се борат за исламската држава во Ирак и во Сирија. Едни се пријавуваат доброволно, а многу се принудени да се борат за џихад, пишува Русија денес.
ИСИЛ зазеде голем дел од северот на Ирак, а, според процените, има меѓу 7.000 и 10.000 борци. Во Мосул, градот кој беше зазеден од исламистите пред две недели, се верува дека има стационирано околу 4.000 исламски радикали од оваа група и очајно се обидуваат да ја зголемат бројката.
Се регрутираат машки лица од 10 години до 30 години за да ги контролираат областите што ги зазеле, но и за да се борат на фронтовите во Ирак.
Истото се случувало и во Сирија, каде што имало изградени специјални кампови за момчиња од 15 години и помлади, каде што децата се учат да ракуваат со оружје, ги учат Куранот и основите на исламот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





