| четврток, 6 декември 2018 |

Емина Јаховиќ: Маж ми е многу љубоморен

Српската пејачка Емина Јаховиќ-Сандал открила дека нејзиниот сопруг, Мустафа Сандал, е многу љубоморен на мажите околу неа кога снима провокативни спотови.

– Кај маж ми и понатаму постои доза на љубомора. Кога го работев последниот спот, имаше мала криза и сакаше да исфрли многу делови, но на крајот се опушти. Кај него секогаш постојат моменти во кои сака многу нешта да промени, но мене тоа ми е природно. Кога постои љубов, постои и љубомора, вели таа.

Емина за десетина дена ќе има концерт во рамките на Пиво-фест во Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top