| четврток, 6 декември 2018 |

Киднапираните Турци- возачи во Ирак се ослободени (Фото)

турски возачиТурските возачи на камиони кои повеќе од три недели беа киднапирани и држени како заложници од Исламската држава Ирак и Левант, ИСИЛ, се пуштени. Турските медиуми објаија фотографија од автобусот со кој се враќаат кон своите домови. Ова е прва фотографија од нив по киднапирањето.

Возачите, всушност беа грабнувани во неколку наврати. Неколкумина од нив првично и беа пуштени, за по неполн час повторно да бидат грабнати од друга вооружена група.

За точниот број киднапирани возачи само се претпоставуваше, во секој случај над 30 луѓе. Во налетот на киднапирање, беа киднапирани и 49 дипломати од туркиот конзулат во Мосул.

За сега се знае дека се ослободени сите возачи. Нема информации за киднапираните дипломати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top