
Премиерот Никола Груевски на средба со Лунг Чун-Јинг, главен извршител и претседател на Извршниот совет на специјалниот административен регион Хонконг, кој е дел од Народна Република Кина, разговарале и за можностите за остварување на соработка и на полето на филмската индустрија помеѓу субјекти од овој сектор од двете страни.
Имајќи ја предвид развиената филмска индустрија во Хонконг, премиерот Груевски ги претставил и можностите кои нашата земја ги овозможува за субјектите од филмската продукција и за снимање на сцени од филмови во Република Македонија, пред сѐ преку даночните ослободувања и поврат во висина од 20 проценти кои се нудат на филмските продукции.
– Имавме можност да размениме мислење за повеќе работи, но и да поразговараме за повеќе договори кои би ги потпишале за идниот развој на економските односи со Хонконг. Разговаравме за договорот за одбегнување на двојното оданочување и за договорот за заштита на инвестициите. Отворивме и други полиња каде што би можело во иднина да има соработка, како што се туризмот и филмската индустрија – изјави премиерот Груевски по средбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија


