| четврток, 6 декември 2018 |

Улицата кај Рекорд од денеска се затвора за сообраќај (видео)

Град Скопје денеска ги почна градежните работи за реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуското стојалиште спроти „Рекорд“. Градежните работи се очекува да завршат до крајот на јули.

– Поради изведување на градежните работи, за сообраќај целосно ќе се затворат двете сообраќајни ленти од улицата Димитрие Чуповски, во насока од болницата „Наум Охридски“ (старата Градска болница) до такси-станицата „Ловец“. Сообраќајот ќе биде пренасочен по следниве улици: од крстосницата кај старата Градска болница, односно крстосницата со улицата Васил Аџиларски и улицата 11. Октомври, возилата ќе се движат преку улицата 11.Октомври, булеварот Кочо Рацин и улицата Свети Кирил и Методиј до булеварот Свети Климент Охридски. Возилата на јавниот градски транспорт ќе бидат пренасочени по истата траса и ќе ги користат постојните автобуски стојалишта – рече градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој го означи стартот на градежните работи.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top