| четврток, 6 декември 2018 |

„Стринг форсес“ со настап на „Д фестивал“ во Дојран

„Д фестивал“, кој годинава го подготвува своето четврто издание, ја надополнува музичката програма со изведувачите спремни да приредат нови незаборавни доживувања на уникатниот музички фестивал во Дојран.

Покрај веќе најавените „Стерео МЦ’с“, на 26 јули во Дојран ќе настапи и македонскиот бенд „Стринг форсес“, една од најспецифичните групи кои се имаат појавено во последните 20 години кај нас. Познати по нивниот иновативен и еклектичен музички стил, „Стринг форсес“ ветуваат дека на „Д фестивал“ нè очекува изненадувачко концертно искуство. Дополнителен предизвик за овој концерт е можноста да чуеме во живо дел и од новиот материјал кој групата веќе подолго време го подготвува за својот следен албум.

Покрај македонскиот бенд „Стринг форсес“, на сцената на „Д фестивал“ ќе настапат и едни од најуспешните и најдолговечните британски хип-хоп артисти „Стерео МЦ’с“ (STEREO MCS), а наскоро ќе бидат објавени и нови изведувачи.

ЗАПОЧНУВА ПРОДАЖБАТА НА ПРВИТЕ ВЛЕЗНИЦИ ПО ПРОМО ЦЕНА

Првиот контингент влезници за годинашното издание на „Д фестивал“ се веќе пуштени во продажба по промотивна цена од само 250 денари. Сите кои сакаат да ја искористат промотивната цена треба да побрзаат бидејќи овие влезници се достапни во ограничен број, а се продаваат во продажната мрежа на МКтикетс:

– Продажните салони на ONE низ Македонија;
– Во Скопје: Југотон, МПМ Прес, Универзална Сала, Гоги Драчево;
– Низ Македонија: Алпине Спорт (Тетово), New Tobacco (Охрид), Џина (Дојран), Кафе Cream (Гевгелија), Sub Club (Струмица);
– онлајн на www.mktickets.mk .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top