| четврток, 6 декември 2018 |

Деца на познатите стануваат ѕвезди пред да проговорат

Некому се потребни години да достигнат светска популарност, а некому е доволно да се роди. Тие се деца на познатите и папараците им стануваат верна сенка од раѓање

 сара
Титулата на главната трендсетерка, која на Сара Џесика Паркер и ја донесе серијата „Сексот и градот“, можеше да ја засени само титулата на мајка. Актерката и нејзиниот сопруг имаат три деца кои се толку неодолливи што и мама ја фрлаат во сенка.
миранда

Тригодишниот Флин, син на Миранда Кер и Орландо Блум, расте пред фотографскиот објектив. Мама Миранда не го испушта и го води на сите нејзини патувања.

орландо

Флин може да се види и во татковата прегратка. Малиот од најубаво друштво на своите родители веќе стана н манекен, учествувајќи со мајка му во модните кампањи.

ким

Норт Вест наскоро по бројот на фотографирање ќе ги престигне мама и тато.

бијонсе

Блу Ајви Картер неуморно се бори за место на најсликано бебе во светскиот шоу бизнис. Што ја чека малата Блу, кога ќе порасне?

кејт

Британскиот принц Александар Луис Џорџ мора на време да се навикне на медиумското внимание, бидејќи неговото потекло тоа неизбежно го наметнува.

тамара

Малата Софија, ќерка на Тамара Еклстон и Џеј Рутленд, првите моменти по раѓањето ги помина пред фотоапарат. Нејзината мајка само неколку часа по породувањето ги објави нејзините први слики.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top