| четврток, 6 декември 2018 |

Отецот Пантелејмон Безенитис пронајден мртов во Грција

Поранешниот епископ Пантелејмон Безенитис вчера бил пронајден мртов на плажата Вгети, во североисточниот дел на Атика.

at-300x164

Според грчката новинска агенција, поранешниот епископ  го загубил животот додека пливал во областа што се наоѓа до неговата летна вила, соопштува „Бугарски вести“.

Телото било пренесено во амбулантни возила на итна помош во болницата Каливија во Кератеа, каде што лекарите ја констатирале неговата смрт.

Властите во Лаврио покренаа истрага за да се откријат причините за ненадејната смрт на отецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top