| четврток, 6 декември 2018 |

Голема акција на полицијата низ цела Македонија

Десетици хакери од повеќе градови низ Македонија се уапсени во голема полициска акција, објавиа Press24. Станува збор за добро организирана група која креирала лажни веб страни кои биле идентични со оригиналните и преку т.н. фишинг, крадела лични податоци од граѓаните. Групата работела подолг период и според нашите информации од истрагата станува збор за добро подготвени луѓе кои речи си перфектно ја работеле својата работа. Измамените луѓе, мислејќи дека купуваат производи од вистинските сајтови им ги давале своите броеви од кредитните картички, а групата, потоа со нив, извлекувала пари на најразлични начини. Иако се уште трае истрагата, според првичните и се уште неофицијални информации, сомненијата се дека криминалот тежел стотици илјади евра

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top