| четврток, 6 декември 2018 |

Фаслификувал приватизациони документи

dokumenti

Битолчанец вработен за Управата за имотно правни работи бил уапсен затоа што фалсификувал документи за приватизација.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ѓ.В.(34) од Битола, помлад соработник при Управата за имотно правни работи во Битола за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување исправа“ и против Ф.М.(51) од Битола, вработен во ЈЗУ „Здравствен дом“-Битола за „поттикнување“ на наведените дела.

Во текот на јануари 2012 година, Ѓ.В. поттикнат од Ф.М., изготвил решение за приватизација на градежно земјиште, во кое внел невистинити податоци дека Ф.М. до Управата за имотно правни работи има поднесено барање за приватизација и дека истата позитивно се произнела по барањето, иако знаел дека истото не е поднесено, а на последната страница од решението прикачил лист со оригинални печати и потпис од друго решение донесено од страна на Управата. Вака изготвеното решение го заверил на нотар, а потоа во име на Ф.М. пополнил барање за спроведување на промени во катастарската евиденција и заедно со решението ги доставил до Агенцијата за катастар на недвижности-Битола каде била внесена промената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top