Дваесеттина хектари жито, винова лоза и стрништа изгореа во пожар кој попладнево избувнал меѓу светиниколските села Ерџелија и Немањици. Пошарот е изгаснат и се утврдуваат причините, како и настанатите штети.
Градоначалникот на Свети Николе Зоран Тасев вели дека во гаснењето на пожарот учествувале 10 пожарникари од општината, со две противпожарни возила, но и голем број вработени од компании лоцирани во близина како и жителите од селата, кои се организирале со сопствена механизација да ги заштитат останатите површини од огнената стихија.
Тој додаде дека на терен се екипи кои ги утврдуваат причините за пожарот, а исто така се прави и проценка на штетите на земјоделските култури.
Пожатрникарите апелираат земјоделците во Овчеполието да внимаваат како ги палат стрништата по завршената жетва на житните култури, бидејќи, како што посочуваат во услови на високи температури огнот може може брзо да се прошири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.