Џереми Микс (30), кој го запали интернетот со својата убавина, ја подигна својата убавина на повисоко ниво. Според пишувањата на американските медиуми, Џереми потпишал договор од 30.000 долари со модната агенција „Блејз моделс“, меѓутоа пред да застане пред камеирте, Микс мора да излезе од затвор, а кауцијата повторно му е зголемена и сега изнесува 1.050.000 долари.
Микс е уапсен откако против него се подигнати вкупно шест обвиненија. Ова не е првпат Џереми да е уапсен. Тој и порано поминувал време по затвори, вклучувајќи за ја и казната од 9 години за голема кражба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.