– Булимијата е толку страшна болест која парализира, тоа беше многу мрачно време за мене. Тоа е една од причините поради која сочувствувам со луѓето кои се борат со внатрешните демони. Многу брзо почнуваат да ви го контролираат животот – вели една од најпосакуваните жени на светот, Никол Шерцингер која првпат јавно проговори за борбата со булимијата, опишувајќи го тој период како мрачен и најлош во нејзиниот живот во нејзината исповед за магазинот Космополитен.
Пејачката објаснила колку пореметувањето во исхраната предизвикана од булимијата почнала да влијае на нејзиниот живот, а особено кариерата:
-Булимијата толку почна да влијае на мојот живот што почнав да го губам гласот, не можев да пеам, а сето тоа се случуваше во периодот кога ја градев кариерата во “The Pussycat Dolls”. Во еден момент менаџерот ме најде на подот онесвестена – раскажала таа.
Проблемот кој Никол го имала во исхраната го криела од останатите членки на групата, а целиот стрес со кој се носела тогаш како главен вокал, влијаел на лошата атмосфера и на крахот на групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





