На 26.06.2014 година на граничниот премин „Богородица“, евидентирана била кражба на предна регистарска табличка од патничко моторно возило марка „VW Пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од лицето Н.Б. од Битола. Кражбата се случила во градот Солун, а истата не била пријавена во грчката полиција.
До сега два наврати биле регистирани оштетувања на регистарски таблички на возила на македонски граѓани.
Во првиот случај на граничниот премин „Богородица“ евидентирано било оштетувања на регистарски таблици на патничко моторно возило марка „Пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од лицето Р.Т. од Битола.
Р.Т. пријавила дека на 21.04. во местото Лефкада, со црн спреј и се оштетени предната и задната регистарска таблица.
Во вториот случај, на 06.05.2014 г. лицето Х.Ц. од Скопје кој управувал патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, пријавил дека во градот Солун му била оштетена со црн спреј предната регистарска таблица и предната десна страна од возилото.
Само случајот во Лефкадабил пријавен од наши државјани во грчката полиција, МВР до сега сеуште нема добиено никаква информација од грчките колеги за настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.