| четврток, 6 декември 2018 |

Починала на улица во Радишани

полицијаСиноќа околу 23 часот  е пронајдено женско тело кое не давало знаци на живот на улица „Радишанска“ во скопската населба Радишани. Според полицијата, немало траги на насилство, а утврден е и идентитетот на жената, со иницијали С.Б. (51).

Полиција и јавен обвинител извршиле увид на местото, а по наредба на обвинителот телото е дадено на обдукција. По завршување на истрагата ќе биде познато како настапила смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top