| четврток, 6 декември 2018 |

ИСИЛ: Христијаните да си ги избричат главите

Проповедник кој го врбува исламистичкото население во Британија, во една прилика најави дека христијаните ги чека страшна судбина под мислиманска власт, пренесува Нетпрес.

hrist

Абу Валид (35), припадник на организацијата Исламска држава Ирак и Левант (ИСИЛ), организирал јавен собир во Кардиф на кој ги изнел своите планови за уредување на европското општество, откако ќе биде освоено од исламистите. Според неговиот план, христијаните и останатите немуслимани ќе бидат јавно понижувани и третирани како граѓани од втор ред.

– На улица неверникот ќе мора да носи црвена лента околу вратот, да се шета со избричена глава и да носи искинати чевли. Неверниците нема да смеат да одат по тротоар, туку ќе мораат да се движат по средината на улицата и тоа само ако јаваат муле. Христијаните ќе мора на муслиманите да им ја дадат својата убава гардероба и ќе смеат да носат само партали – вели Валид.

Исламистите нема да се задржат само на уништување на достоинството на христијаните, туку и во потполност ќе го преуредат и уништат европското општество, заедно со културните знаменитости. Прва на тапетот на исламистите ќе биде Британија и за брзо време на островот ќе се вее џихадско знаме, ветува Валид.

– Ноќната мора на британскиот премиер е дека некоја вечер ќе ја пробиеме вратата од неговата куќа и тука ќе го поставиме калифатот, муслиманскиот световен и духовен водач и ќе го воспоставиме шеријатскиот закон. Нивниот кошмар е дека на врвот на Биг Бен ќе поставиме знаме на кое пишува „Нема друг бог освен Алах“. Црквите ќе им ги оставиме, но никогаш од нив нема да смее за забие камбана – додава Валид.

Лорд Карлајл, британски политичар и некогашен борец против тероризмот, изјави дека тврдењата на Валид се чист пример на ширење на расна омраза.

– Неговите зборови се дискриминаторски, навредливи и надвор од умот. Идејата дека христијаните треба да ги бричат своите глави и да носат црвени ленти околу вратот потсетува на најлошата идеја и постапка на Адолф Хитлер – рече Лордот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top