| четврток, 6 декември 2018 |

Џо Манџанело е најпосакуваниот ерген во светот

Актерот Џо Манџанело кој се прослави со улогата на врколак во серијата „True Blood“, беше прогласен за најпосакуван ерген во светот од магазинот „Пипл“.

Како што пишува магазинот, овој латино заводник знае што да бара од жените, но се уште не ја има пронајдено вистинската.

– Јас сум половина Сицилијанец и многу сум страстен. Низ моето тело тече врела крв, па ако не сакате луто тогаш можеби не сте вистинската жена за мене, вели мистериозниот убавец.

На прашањето кога конечно ќе се смири, овој 30-годишен актер изјави:

– Можете да ја почуствувате љубовта уште првата вечер, но не е се во тоа. Таа треба да трае.

Џо зад себе ги остави познатите ергени како што се актерот Џаред Лето, пејачот Ашер, актерот, Лијам Хемсворт и можеби најдобрата шанса од сите – принцот Хари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top