Босанското село Крушев Дол, во близина на Сребреница, кое се нарекува и село на ергени, објави конкурс за невести, јави радио „Слободна Европа“. Во минатото во Крушев Дол имало околу 400 жители, но сега таму живеат само триесетина бегалци-повратници, од кои повеќето мажи.
– Жените сѐ поретко се враќаат овде. Имаме 13 или 14 ергени. А и оние кои се женети, ги сметаме за ергени затоа што нивните сопруги не се со нив – изјави за радиото Заим Омеровиќ, еден од селските ергени.
За да не живеат осамено, ергените кои сепак се наоѓаат во добра форма, објавија конкурс за невести.
Омеровиќ нагласи дека меѓу условите што треба да ги исполнуваат кандидатките за невесети се да знаат да готват и да чистат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.