| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Саркози обвинет за „активна корупција“

sarkozi-

По осумнаесет чaсовен притвор и сослушување, поранешниот француски претседател Никола Саркози од истражните судии е обвинет за „активна корупција“, „трговија со влијание“ и „прикривање и прекршување на професионалната тајна”.

Обвинението, според париски „Ле Монд“ е подигнато доцна синоќа, откако претходно беше обвинет и адвокатот на Саркози Тјери Херцог и високиот судски функцинер од Касациониот суд (Врховен суд) Жилбер Азибер, како и уште еден друг висок судски функционер Патрик Сасуст.

Против сите четворица обвиненето е исто „активна корупција“, „трговија со влијание“ и „прикривање и прекршување на професионалната тајна”, сите тие ризикуваат по десет години затворска казна.

Саркози преку својот адвокат, кој бил пријател со Жилбер Азибер се обидувал да дознае што има против него во процедурата што се водела за предметот Бетанкур. Во замена на судските функционери им биле ветени унапредувања.

Од прислушувањата на телефонските рагзовори меѓу Саркози и неговиот адвокат како што пишува „Ле Монд“, јасно се покажува дека поранешниот француски претседател е лицето кое давало наредби. Против Саркози се водат директно или индиректно уште неколку други предмети, меѓу кои и за финансирањето на неговата претседателска кампања во 2007 и во 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top