По неколку неофицијални најави во медимите, деновиве стигна официјалната најава за организација на првата геј парада во Скопје. Здруженијата кои работат на правата на геј популацијата во Македонија со голема среќа и задоволство официјално ги најавуваат низата настани кои треба да се случат од 18-23 јуни во Скопје.
Како што велат тие во овој период во главниот град ќе се реализираат низа активности кои ќе започна со организација на парада која ќе има цел да ја подигне свесноста на луѓето за ЛГБТ популацијата.
Неделата на гордоста понатаму ќе продолжи со работилници, настани, предавања и дебати на кои ќе бидат опфатени теми поврзани со оваа група на лица.
Извор: скопјеинфо.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.