
Малиот град Свит во Јужна Дакота (САД) е на продажба и може да го купите за 400 илјади американски долари. Градот се простира на 24.928 квадратни метри.
Сопственик на градот е Ленс Бенсон. Тој го продава градот кој е два часа оддалечен од Рапид Сити. Во градот има бар, гаража која се користи како продавница за гуми, куќа и три камп-куќи.

Тој би сакал да го задржи градот, но мора да се фокусира на приватниот бизнис.

Од 1998 година тука живеат само двајца, а во 1940 имало 40 жители. Владата на Ј. Дакота решила дека градот е премал за да има сопствена пошта и ја укинала во 1945 година.
Во градот живеат Бенсон, неговата сопруга и кучето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


