| четврток, 6 декември 2018 |

Спасов: Дисциплински постапки за инволвираните во случајот со глувонемото дете

Dime Spasov, intervju

Дисциплински постапки за сите оние кои биле инволвирани во случајот со глувонемото дете кое беше сместено во Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“, најави министерот за труд и социјала, Диме Спасов.
Во исто време ќе се направи и ревизија на наодот за категоризација на десетгодишното глувонемо дете кое беше сместено во Банско, каде било врзувано со јаже за да седи мирно.

-Случајот темелно го испитуваше социјална инспекција во рамките на Министерството, која за сето она што се потврди како недостаток или несоодветно постапување на службите презеде соодветна иницијатива за покренување дисциплински постапки на сите стручни работници кои постапувале по овој предмет, како и за вработените во Центарот за социјални работи во Битола поради несоодветно и ненавремено постапување – изјави Спасов.

Дисциплинска постапка ќе биде покрената и против вработените кои несоодветно се грижеле за детето во „Бања Банско“, како и постапка против службите и лицата кои работеле на овој предмет.

– Дополнително исто така по препораки на социјалната инспекција формирана е комисија за ревизија на наодот и мислењето кое што е издадено од повеќе лекари специјалисти кои ја извршиле категоризацијата на детето за вид и степен на попреченост со цел да провериме дали е таа направена согласно закон и согласно процедурите, потенцира Спасов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top