Принцот Хари на 15 септември оваа година ќе го прослави својот 30 роденден, кога и официјално ќе ги наследи своите 10 милиони фунти (12,5 милиони евра), кои му ги остави неговата мајка, принцезата Дајана.
Од таа сума, за данок ќе треба да исплати 40 отсто, односно нешто помалку во случај дел од парите да уплати во добротворни цели.
Како што пренесува „Мирор“, неговиот брат Вилијам својот дел од мајчиното наследство го добил пред две години.
Извор близок до кралското семејство, за британскиот таблоид изјавил дека постојат многу малку сличности меѓу обичниот граѓанин и Хари и Вилијам, но кога станува збор за данок, тука се потполно рамноправни.
Хариевите соработници разгледуваат кој е најповолниот начин за младиот принц да ја исполни својата должност кон државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Маки на кралското семејство: Меган ќе открие колкаво е богатството на Хари, ќе испливаат тајни криени со години
-
Драма на небото: Трудната Меган и принцот Хари биле во авионот кога пилотот донел итна одлука
-
Принцот Хари донесе неочекувана одлука за животот на нероденото дете
-
Меган Маркл не ни сонувала дека ќе наиде на вакви проблеми!



