| четврток, 6 декември 2018 |

Грците и во криза најдолго одмораат

плажаИако економската криза со години владее во Грција, жителите на оваа земја и понатаму во просек имаат најдолги одмори во цела ЕУ.

Грците се едни од трите нации во Унијата чие летување во просек трае подолго од една недела, поточно 7,5 ноќевања. На второ место се Кипарците со 7,2 и Белгијците со 7,2 ноќевања. Просекот на ЕУ е 5,2.

Иако е така, статистиката покажува дека во изминатите години помал процент на Грци се одлучуваат за патување во текот на одморот во однос на другите земји од ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top