| четврток, 6 декември 2018 |

Лето и целулит – како да jа затегнеме кожата

g

1. Дополнителна енергија
На жените понекогаш им е потребна дополнителна енергија за полесно да го поднесуваат секојдневниот стрес и поинтензивно да уживаат во животот. Тие, исто така, сакаат да имаат мазно тело и мека кожа, без знаци на целулит, како што се дупчињата на бутовите, колковите и на задникот. Меѓутоа, производите наменети за борба против целититот најчесто ги користат само на пролет или во лето, кога најмногу се открива кожата. Но стручните лица препорачуваат овие препарати да се употребуваат во текот на целата година поради подобар и подолготраен ефект.

2. Поправете го тонусот на колковите додека возите
Еве еден совет за вежбање во автомобилот на патот кон работа. Додека го чекате зеленото светло на семафорот, ангажирајте ги колковите – стегнете ги задните мускули и задржете ги 15 секунди, а потоа опуштете ги. Повторувајте ја постапката сè додека не тргнете.
3. Стекнете кондиција со качување по скали 
Обидете се да се качувате по скали прескокнувајќи по една со правилно држење на телото и постепено зголемувајте го бројот на скалите што ги прескокнувате. Не обидувајте се да се симнувате на овој начин. И не заборавајте, држењето е и тоа како важно! Грбот треба да е исправен, стомакот вовлечен, а рамениците опуштени. Одењето по скали значително ќе ја подобри вашата кондиција, ќе го поправи тонусот на долниот дел од телото и ќе согори многу калории.
4. Добро држење: наједноставен начин за да изгледате подобро 
Со правилно држење ќе изгледате повисоки, послаби и посигурни во себе. Споредете се со некој што е подгрбавен и разликата е очигледна, и тоа не само однадвор. Доброто држење е добро и за вашата внатрешност. Кога стоите исправено, мускулите, органите, зглобовите и коските се сите на своето место. На овој начин ќе ги ублажите болките во зглобовите и ќе ви биде полесно да ги исполните градите со свеж воздух. А што повеќе кислород ќе внесете, подобро ќе се чувствувате и побистро ќе размислувате.
5. Преземете чекори за да останете во форма
Купете му бројач на чекори на секој член од семејството. Се работи за мало апаратче што ги мери чекорите што сте ги направиле. Направете табела за целото семејство и доделувајте му награда на тој што ќе помине најмногу чекори во текот на целата недела. Само еден мал натпревар може да ви помогне да си ја остварите целта и да направите чекор повеќе.
6. Започнете го денот со истегнување
Зголемувањето на кондицијата може да започне и пред да станете наутро. Започнете со истегнување во креветот. Тоа помага за циркулацијата и е совршен начин за започнување на обврските што се пред вас!
7. Останете во кондиција дури и додека седите подолго 
Ако на работното место немате време да станете и да направите пауза, пробајте неколку вежби за истегнување. Поставете ги рацете зад долниот дел на грбот додека седите исправено. Движете се со десното уво кон десното рамо, а потоа полека со левото уво кон левото рамо. Потоа свртете со кон бирото затегнувајќи ги стомачните мускули и исправувајќи грбот. Потоа погледнете кон таванот. Правете ја оваа вежба кога и да ви е потребна пауза.
8. Клекнувања за суперзадник
Клекнувањата можете да ги правите речиси на секое место, а тие се одличен начин за обликување на задникот. Застанете со стапалата во ширина на колковите, вовлечете го стомакот и држете го додека ги свиткувате колениците и полека клекнувате. Останете во таа позиција три до пет секунди и вратете се во почетната положба, стегајќи ги мускулите на задникот. Не дозволувајте колениците да ја преминат линијата на прстите на нозете. За поголем ефект, направете две серии од 8 клекнувања.
9. Ослободете се од целулитот со помош на масажа со штипкање
Започнете со штипкање и поминете ги целите колкови. Целулитот се формира кога крвта не може да продре до масните клетки, а штипењето ќе ја врати крвта во кожата, па затоа таа ќе стане розова во текот на масажата. По масажата, задолжително треба да со нежни движења да втриете крем против целулит за затегнување. Сега кога крвта дојде стаса до кожата, лосионот подобро ќе се впие, а ќе го извлечете и максимумот од неговите состојки што ги разложуваат мастите. Оваа техника можете да ја примените и на рацете и на стомакот за и тие да ви бидат совршени и – без целулит!
10. Спас во семките од сончоглед 
Семките на сончогледот имаат многу хранливи состојки. Во 30 г семки има 37% од препорачаниот дневен внес на витамин Е – еден од најсилните и најефикасни антиоксиданси во природата. Овие антиоксиданси ги отстрануваат слободните радикали и го спречуваат предвременото стареење. Витаминот Е помага и во хидратација на кожата и ги намалува лузните. Затоа, заменете го парчето сланина со една рака сончоглед во салатата. Ова не само што ќе му даде специфичен вкус на вашиот оброк туку е и многу подобро за вашето здравје.
11. Чорба од моркови
Морковот е богат со витамини, антиоксиданси, диетални влакна и со минерали. Високото ниво на каротен од морковот при внесувањето во организмот се претвора во витамин А. Тој е богат и со витамините Б1, Б2, Ц, Д и Е – антиоксиданси што ја намалуваат штетата од слободните радикали. Тој ја лекува и ја храни кожата. А ако барате нови начини за да го јадете морковот, еве еден рецепт за вкусна чорба.
Чорба од морков и од коријандер
Состојки: 1–2 кг морков, 1 кромид, 1 лажичка мелен коријандер, 1 лажичка масло, 1 литар супа од зеленчук, свеж коријандер, сол и црн пипер
Начин на подготовка: Исецкајте ги морковите и кормидот. Варете ги пет минути додека не смекнат.
Додајте ги мелениот коријандер и супата од зеленчук. Кога ова ќе зоврие, намалете ја температурата и варете додека не смекне зеленчукот. Штом се излади, иситнете го морковот со блендер и додајте го свежиот коријандер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top