Македонските ракометари се на најдобар пат уште по вториот натпревар од групата Бе во Севиља да обезбедат пласман во осминафиналето на 23. Светско првенство во Шпанија. Против Катар на полувреме водиме со 21-13 и изгледа како ништо да не може да не запре во намерата да дојдеме до втора победа во салата Сан Пабло, што ќе го олесни нашиот натамошен настап на машкиот ракометен мундијал.
Водиме од самиот почеток: 4-1 (5 мин), 8-4 (10 мин), 11-5 (15 мин), 16-6 (20 мин), 19-9 (25 мин), за на полувреме да заминеме со 21-13. Во сите сегменти од играта сме надмоќни со Катар, играме разновидно во нападот, а цврстата одбрана ни овозможи многу контри, па Дејан Манасков е наш најефикасен играч со пет голови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џес Бејли: Решавањето на спорот за името ќе придонесе за стабилноста на регионот
-
Видео кое УФЦ сака да го забрани: Поранешна шампионка едвај преживеала поради суровите методи на отстранување килограми! (видео)
-
И тоа се случи: Играњето на шипка стана спорт
-
Кениецот Киротич Кируи – по втор пат победник на Скопскиот маратон