| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Западот да престане да прави од светот глобална касарна

Претседателот на Русија, Владимир Путин, се обрати до јавноста по прекинот на примирјето во Украина инициран од претседателот Порошенко. Тој го критикуваше Западот поради намерата да ја претворат планетата во „глобална касарна“.

Vladimir-Putin-_2056186b

Путин упати критики и до украинскиот претседател кого го обвини за немирите во Украина. Тој изрази надеж дека западните партнери ќе престанат да наметнуваат свои идеи и принципи на други држави.

– Западот мора да се ослободи од амбициите и желбите да создаде од светот глобална касарна. Западот мора да почне да гради односи со други народи кои се засноваат на еднакви права и меѓусебно почитување – нагласи Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top