| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски даде интервју за влијателниот „Билатерал инсајд“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, кој претстојува во посета на Јапонија даде интервју за влијателниот јапонски магазин „Билатерал инсајд“.

bilateral

„Билатерал инсајд“ е влијателен и реномиран магазин кој предизвикува интерес кај политичката и дипломатската јавност. Премиерот Груевски заедно со економскиот тим од вчера е во посета на Јапонија, каде оствари средба со јапонскиот принц Нарухито и неговиот јапонски колега Шинзо Абе.

insight

Владината делегација присуствуваше и на бизнис форум во Токио, каде ги презентираше поволностите кои нашата земја ги нуди на странските инвеститори. Во текот на вчерашниот ден, владиниот тим доби силна политичка поддршка од Јапонија за продлабочување на економската соработка, обезбедени се повеќе стипендии за македонските студенти, беше договорена соработка во здравството и железницата и јапонска поддршка за довршување на колекторскиот систем на Охридското езеро.

intervju

Владината делегација предводена од Груевски следните денови ќе ги посети и Кореја и Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top