Германскиот социјалдемократ Мартин Шулц повторно е избран за претседател на Европскиот парламент, јави дописникот на МИА од Стразбур.
За Шулц гласаа 409 европратеници од вкупно 723 колку што учествуваа во денешното гласање. Притоа за кандидатката на зелените, Улрике Луначек, гласаа 51 европратеник.
Кандидатот на групата на радикалната левица, Пабло Иглесиас, исто така, освои 51 глас, а Сајад Карим, кандидат на европските реформатори и конзервативци, 101 глас.
Притоа 111 европратеници биле воздржани или не го дале својот глас.
Ова е втор мандат на Мартин Шулц, кој ќе трае две и пол години. Неговиот избор беше можен по склучениот договор меѓу европските народни партии, социјалистите, демократите и либералите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



