Досегашниот крилен напаѓач на Саутемптон, Адам Лалана, официјално стана член на Ливерпул.
Како што соопшти клубот од Енфилд, Лалана ќе го носи дресот со број 20 и е второто засилување по доаѓањето на Рики Ламберт за четири милиони фунти.
Ливерпул за услугите на англискиот репрезентативец издвои 31 милион фунти, а Лалана ќе ја зголеми конкуренцијата во нападот на крилните позиции каде што минатата сезона играа Кутињо и Рахим Стерлинг.
– Возбуден сум поради моето напредување во кариерата. Дојдов во голем клуб и се надевам дека брзо ке се адаптирам и ќе ѝ помогнам на екипата во борба за трофеј во Премиер лигата, а се радувам што ќе играм и во Лигата на шампиони – изјави Лалана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


