| четврток, 6 декември 2018 |

Судир го сопре патот Гостивар – Кичево

сообраќајкаЧетириесет и едногодишен скопјанец утрово е тешко повреден во сообраќајна несреќа на магистралата Гостивар – Кичево, во близина на „Здуњски мост“. Сообраќајот на оваа релација во обата правци е во прекин речиси два часа.

Според првичните сознанија на СВР Тетово, во несреќата учествувале камион „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, кој го управувал Џ.К. (48), и „шкода фелиција“ управувана од Ѓ.П. (41) од Скопје.

Во директниот судир, автомобилот бил многу оштетен, па повредениот бил изваден со интервенција на пожарникари. По укажаната медицинска помош во Гостиварската општа болница, како итен случај е пренесен на скопските клиники.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top