| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот луксузен дом на Хајди Клум (фото)

Популарниот модел на „Викторија сикрет“, Хајди Клум, по разводот од пејачот Сил реши да се почести со нов дом во Лос Анџелес, вреден 25 милиони долари.

Вилата, која се протега на речиси 1.150 квадратни метри, била реновирана точно 6 месеци за конечниот распоред да вклучува 10 бањи, 8 спални соби, огромни плакари, бесконечен базен и градина со рози.

Ентериерот е раскошно уреден, во модерен стил со француски шарм. Во спалните соби доминираат песочните нијанси и беспрекорно белиот мебел, додека дневните соби, кујните и трпезариите се комбинација од дрво и кафени нијанси, од најсветли до најтемни.

gddfgf sovrsena-vila-na-heidi-clum-vredna-25-milioni-dolari-01 kljkjh kjhgjh jhjhj jhjh jghjfgj

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top