Бројот на работници во индустријата во мај годинава, во однос на истиот месец лани, се зголемил за 6,7 отсто. Бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, бележи пораст од 0,7 отсто, во преработувачката индустрија од 7,8 отсто. Намалување на бројот на вработени има само во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,7 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија од 2,3 отсто, капитални производи од 97,1 отсто, кај трајни производи за широка потрошувачка од 7,1 отсто и кај нетрајни производи за широка потрошувачка од 1,7 отсто. Опаќање има само кај енергија за 4 отсто. Бројот на работници во индустријата во периодот јануари – мај 2014 година, во однос на периодот јануари – мај 2013 година, е зголемен за 6,9 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.